Организаторите на Игрите ветуваат незаборавна ноќ на бразилска музика и танц, 12-годишен рапер, двајцата најпознати бразилски пејачи Жилберто Жил и Каетано Велосо, и секако, многу самба. Танчари од дури 12 училишта за самба во Рио ќе поминат низ Маракана пред да заврши вечерта и спортистите да се појават на стадионот.
„Се надеваме дека Свеченото отварање ќе биде лек за депресија за Бразил. Бразилците ќе можат да погледнат и да кажат: ’Ние сме кул луѓе, различни етнички групи кои живеат заедно, кои никогаш не војувале, кои знаат како живеат и кои знаат како е да си среќен’“, посочи Фернандо Меирелјеш, еден од тројцата креативни режисери на церемонијата.
Меирелјеш е бразилски режисер познат по својот филм „Градот на господ“, кој беше номиниран за Оскар, и во кој се раскажува за животот во сиромашните предградија (фавели) на Рио. Тој ќе има тешка задача да го повтори успехот на неговиот колега, Дени Бојл, кој беше зад Свеченото отварање на Олимпијадата во Лондон во 2012.
ШОУ СО „СКРАТЕН“ БУЏЕТ
Во текот на церемонијата, славниот супермодел Жизел Бундхен ќе ја испее славната „Девојка од Ипанема“, додека бразилскиот модел Леа Т ќе биде првата трансродна личност која ќе има забележителна улога на Свечено отварање на Олимпијадата.
Иако шоуто ќе биде огромно, отварањето ќе се реализира на минимален буџет. Бразил минува низ најлошата рецесија во последните години, и тоа влијаеше на шоуто.
„Имавме буџет од 113.9 американски долари за четирите церемонии - отварањето и затварањето за Олимпијадите и Параолимпијадите. Меѓутоа, сега буџетот е 55.9 милиони $ за четирите церемонии. Повеќето пари ќе се потрошат на безбедноста. Имаме 12 пати помал буџет од Лондон, 20 пати помал од Пекинг. Тоа е голем предизвик. Никогаш не сум правел нешто на ова ниво, и не верувам дека ќе го правам повторно во животот. Одговорноста е навистина огромна“, вели Меирелјеш.
6.000 ВОЛОНТЕРИ И 12.000 СПОРТИСТИ
Меирелјеш не е единствениот под притисок. Дебора Колкер, најпознатиот кореограф од Бразил, работеше безбројни часови за да ги синхронизира 6.000 волонтери кои ќе танцуваат на Свеченото отварање. Колкер и волонтерите вежбаат од мај на тајна локација во близина на Маракана.
Најтрадиционалниот и најочекуваниот дел од церемонијата, секако е парадата на спортисти. Американецот Стив Бојд ја доби задачата да ги организира 550 волонтери кои ќе помогнат на стадионот да излезат 12.000 спортисти и членови на делегацијата, најдолгиот дел од комплескното шоу.
КОЈ ЌЕ ГО ЗАПАЛИ ОГНОТ?
Организаторите прават се за да го заддржат идентитетот на човекот кој ќе го запали олимпискиот оган таен, и начинот на кој факелот ќе биде донесе на на Маракана од Олимпискиот булевар, новоизградената област околу пристаништето во Рио.
Бразилската фудбалска легенда Пеле е фаворит на медиумите, и тој призна дека од него било побарано да го запали огнот, но дека се уште не ја прифатил понудата на ИОЦ.
Меирелјеш вели дека е пресреќен што доби шанса да работи на ваков комплексен проект, но вели дека исто така му е потребен одмор.
„Сакам да го вратам мојот живот. Да знаев што ќе се случи, дали ќе прифатев? Не сум толку сигурен“, вели режисерот.