Стоилов: Веспрем е апсолутен фаворит против Вардар во овој состав

Во пресрет на неделниот дуел со Веспрем во ракометната Лига на шампиони, капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов, фаворитската улога им ја препушти на гостите од Унгарија.



– Знаете каква е ситуацијата во Вардар. Ростерот е тој. Веспрем е апсолутен фаворит, да не се лажеме. Нам ни останува да се бориме и да не ја разочараме публиката. Играме со тоа што располагаме. Не можеме да подготвиме нормална одбрана за овој меч. Многу од играчите се повредени. И голманите реално не се на ниво, но и целата одбрана воопшто. Не е вината само кај голманите. Ние сме тим. Тоа е ростерот и со тој ростер треба да играме до крај, потенцира Стоилов на денешната прес-конференција.

На малиот број играчи за ротација се пожали и тренерот Едуард Кокшаров.

– Имаме многу проблеми и нема смисла стално да зборуваме за тоа. Ги немаме Дисингер и Кристопанс, двата главни играчи за одбраната 6-0. Се надевам дека тие што ќе добијат можност да бидат на теренот, со поддршка од нашите навивачи ќе успеат да дојдат до позитивен резултат, рече тренерот Едуард Кокшаров.

Натпреварот Вардар – Веспрем, од 10. коло од ЛШ, се игра в недела во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 17 часот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Бега некој резервист од воената полиција и влегува во црква. Гледа внатре една калуѓерка и бргу се сокрила под нејзината сукња. Кога влегле полицајците и виделе дека го нема, си...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1786.- Италијанскиот лекар и природонаучник...
1821.- Република Костарика (шпанска колонија од...
1822.- Францускиот ориенталист Жан Франсоа...
1852.- Во Лондон умре Артур Велзли Велингтон,...