Савевски не е повеќе селектор!

Прифаќање на оставката според Кометал или отказ според Љубомир Савевски од функциите селектор на сениорската репрезентација и тренер на Кометал Ѓ. П. е конечниот епилог на неколкунеделната војна со Валентина Радуловиќ.

"Со големо жалење констатирам дека односите и на клупски и на репрезентативен план ескалираат од причина што самите ја увидовте како проблем кој е поставен како ултиматум. Поради тоа ве известувам дека ја прифаќам вашата оставка за водење на репрезентацијата така и за водење Кометал Ѓ. Петров", стои во известувањето потпишано од Трифун Костовски, адресирано до Љубомир Савевски.

Во претходница на ова, Трифун Костовски и Иван Бојков во улога на медијатори се обидоа да најдат начин како да ги смират завојуваните страни, но не успеаја во тоа. Условот за мир во репрезентацијата и клубот поставен од Савевски беше Радуловиќ да се извини за навредите изречени на прес-конференцијата. Таа не се извини по што Савевски престана да ги води тренинзите. По се што беше кажано на негова сметка, не е ни чудо што не ја прифати со наведната глава наредбата да ја врати назад. По неколку дена, неколку средби кои не дадоа позитивен резултат, Костовски и Бојков решија да му врачат отказно решение на Савевски.

"Разговаравме со Костовски и ако можеме ова така да го наречеме, решението на целата ситуација е да ја прифатиме оставката на Савевевски. Тој престана да доаѓа на работното место, стави јасно до знаење дека или ќе има извинување или нема да биде повеќе селектор и тоа доведе до ова", изјави Бојков.

Савевески има поинакво мислење:

"Јас ја прифаќам оваа одлука, реков дека нема да кревам бранови во интерес на репрезентацијата. Тоа што не можам да прифатам е формулацијата. Јас не давам оставка. Изборот кој беше оставен на Костовски беше да изнуди извинување од Радуловиќ или да ме разреши. Значи отказ, не оставка", вели Савевски.

Крај на проблемите? Сите треба да бидат пресреќни ако со ова е ставен крај на проблемите. Можеби во моментов ситуацијата изгледа решена, но наивно би било да се поверува дека ваквото поставување на челниците на РФМ кон целата ситуација ќе остане не(зло)употребено.

Савевски и Радуловиќ веќе не се битни во целата приказна. И таа и тој си имаа свои причини по кои се случи што се случи. Дали ќе има последици од ваквиот потег на РФМ ќе покаже времето. РФМ и Кометал во обидите да најдат компромисно решение, во интерес на репрезентацијата која ќе биде домаќин на ЕП, мора да бидат свесни дека направија опасен преседан, фрлија бумеранг кој веќе не можат да го контролираат.

Се знаат принципите по кои работат професионалните спортски колективи, која е хиерархијата и кој е одговорен за оценката и коментирање на работата на селекторот или тренерот, а кој не е. Развојот на настаните го одведоа РФМ меѓу два условно кажно ултиматуми да одбере страна, согласно со тоа ќе мора да сноси и одговорност за тоа што може да се случи.

Првичното изненадување веднаш беше заменето со терање на водата на своја воденица. Можеме слободно да го чекаме моментот кога други ликови или истите, охрабрени од ваквиот расплет, во моментите кога ќе се почувствуваат дека се важна алка во синџирот, да добијат крилја и да ја злоупотребат репрезентацијата за лична пресметка, со тренер, соиграч, федерација или кој и да е. Замислете што по ова може да направи Металург кој има шест првотимци-репрезентативци, а де факто не го сака тренерот на МРК Вардар за селектор? Или што ќе се случи ако на пример Кирил Лазаров се скара со селекторот? Или кој и да е друг. Најмногу што треба да загрижува, ова уште од стартот излегува од рамките на обичните шпекулации.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Им кажал Исус на апостолите да донесат нешто дрога за вечера.
Павле донел марихуана, Јаков донел трипови. Исус го прашал Јуда што тој донел?
Јуда му одговорил:Значка, ова е...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1568.- Роден е Томазо Кампанела, италијански...
1585.- Роден е Арман Жан ди Плеси Ришелје,...
1600.- Со повелба на кралицата Елизабета е...
1919.- Во Струга е роден Владо Малески,...