Ниту сум притворен, уште помалку затворен!

Димитар Караџовски во "центарот на вниманието" на македонската кошаркарска јавност. За жал, не поради стандардно добрите игри во дресот на исландскиот Стјарнан во текот на оваа сезона туку поради, наједноставно кажано, проблемите со законот на Исланд.

Навистина штурите информации од страна на медиумите во оваа островска држава, според Караџовски, дале сосема погрешна слика за вистинските случувања.

Токму затоа потенцијалниот македонски репрезентативец, кој минатото лето одигра и неколку контролни натпревари во црвено-жолтиот дрес, одлучи, макар делумно, да ги разјасни сите "нејасни работи" поврзани со овој случај.

Медиумите на Исланд, тешко достапни за нашата јавност, велат дека сте биле приведен од страна на полицијата која наводно се посомневала во некои незаконски работи?

"Можам само да кажам дека е точно дека бев во полиција, и тоа не го сметам за некое приведување. Попрво би рекол дека бев повикан на еден информативен разговор во полициска станица"- вели Караџовски.

Зошто?

"И мене не ми беше сосема јасно зошто. Ми објаснија дека во последно време имало голем број поплаки поврзани со кражби на разни предмети. Морам да ви кажам, и да објаснам, дека овде, во Исланд, речиси се е 'покриено' со видеокамери. Дали се работи за коинциденција или не, не знам, во полицијата дошле до заклучок дека наликувам на некој од лицата што учествувале во кражба на одредени предмети. Дури и ми покажуваа некои слики, направени со тие специјални видеокамери. Морав да им објаснувам дека се работи за некоја сосема друга личност"- дополнува Караџовски.

Дали тоа значи дека токму поради таа, да ја наречеме истрага, не можеш да се вратиш во Македонија, иако Стјарнан заврши со играњето во оваа сезона?

"Би можело да се каже. Ми беше кажано во овие неколку дена да не ја напуштам земјата. Веројатно сакаат да проверат уште некои работи. А тоа е исто така подобро за мене, затоа што сакам да сум 'чист' за каков и се сметам, во целата оваа ситуација во која се најдов"- додава некогашниот играч на МЗТ Скопје.

Овде се шпекулираше дека Караџовски ќе "заглавел" во затвор, дека полицијата ви го одземала пасошот и слични работи?

"Не знам од каде такви информации. Во текот на денот добив неколку електронски пораки од некои мои пријатели од Македонија со таква содржина. Но, еве можете да се уверите дека не е така. Зборуваме најнормално, јас сум дома, а не како што велат, во затвор, притвор или не знам веќе што. Очекувам ова да престане многу брзо. Навистина овие неколку дена, почнувајќи од саботата, ми се случија многу непосакувани работи кои би сакал да ги заборавам што е можно побрзо и да и се посветам на кошарката"- заклучува Караџовски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...