Кавси во игра за Стадемаер, Џејмисон, Марфи...

Благодарение на сопственикот на тимот на Кливленд, Ден Гилберт, кој реши да создава шампионски тим, Кавси следните неколку дена ќе бидат дел од буквално сите шпекулации за можните трејд-дилови.

Кливленд игра одлично сезонава, а со оглед на фактот што приходите на тимот се рекордни тогаш нема причина дел од средствата да не бидат потрошени за потпис на квалитетни засилувања. Според последните информации, Кливленд на ол-старот во Далас беше претставуван само од еден играч (Леброн Џејмс), но и од речиси целата управа на тимот на чело со генералниот менаџер Дени Фери. Па така причината за ова наводно бил евентуалниот ангажман на Ентоан Џејмисон, моментно членот на Вашингтон, кој се чувствува осамен по заминувањњето на Карон Батлер и Брендон Хејвуд од престолнината. Како втора опција се споменува Триј Марфи од Индијана.

Како финално решение се споменува и ол-старот Амере Стадемаер, кој веќе подолг период се поврзува со доста екипи. Оваа опција се споменува како најреална, а поедини медиуми говорат дека дилот е речиси финализиран. Како дел од овој "трејд" во Феникс би заминал Жидрунас Илгаускас, кој, пак, веднаш би бил исплатен и би бил вратен во Кливленд. Неговиот договор, кој е пред истек, тоа му го дозволува. Феникс на тој начин би се ослободил од големиот договор на Стадемаер и би имал доста простор во селари-капот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Им кажал Исус на апостолите да донесат нешто дрога за вечера.
Павле донел марихуана, Јаков донел трипови. Исус го прашал Јуда што тој донел?
Јуда му одговорил:Значка, ова е...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1568.- Роден е Томазо Кампанела, италијански...
1585.- Роден е Арман Жан ди Плеси Ришелје,...
1600.- Со повелба на кралицата Елизабета е...
1919.- Во Струга е роден Владо Малески,...