Организаторите на ЛОИ во Лондон планираат да дозволат војници, но исто така и професори и студенти бесплатно да ги следат остатокот од натпреварите на Олимпијадата.
Дел од војниците веќе беа присутни на натпреварите од гимнастика, а се очекува уште да пристигнат на остатокот од спортовите. Повеќе спортови на ЛОИ како пливање, одбојка и гимнастика останаа без публика и со многу празни столчиња на трибините па затоа како опција се предлага „донесувањето“ на војниците.
Според експертите, празните трибини се должат на слабата продажба на билетите, но исто така и на подарување на голем дел од билетите на претставници од спонзорите на ЛОИ кои пак одлучиле да не бидат дел од бодрењето на спортистите.
Голем дел од трибините во изминатите два дена беа празни на важни натпревари како кошаркарскиот натпревар на САД и Франција (мажи), а исто така и во пливање и покрај тоа што во трките се натпреваруваа ѕвездите како Мајкл Феплс и Рајан Лохте.