Раднички ги лечи раните од дербито

Металург ја искористи најавната прес-конференција за натпреварот со Раднички за да ја промовира уште еднаш својата определба сезонава да ја искористи за вклопување на младите ракометари во тимот со цел наскоро, кога и да е тоа, аплаузите од публиката да одат на сметка на ракометарите кои допрва ќе се докажуваат на арените.

„Имавме 40 насто од тимот составен од млади играчи, на следниот напревар тој процент ќе се зголеми на 60-тина насто“, изјави Лино Червар на пресот, притоа барајќи трпение за младите играчи да можат да се најдат себеси во играта.

Марко Нелоски и Филип Талески се двата надежни ракометара на Металург кои в сабота ќе се најдат на теренот на дуелот со дебитантот во СЕХА, Раднички Крагуевац. Важно за македонскиот ракомет, затоа што од редот на младата гарда, на Металург само овие два ракометара се Македонци.

Останува да видиме каква шанса навистина ќе добијат и како ќе ја искористат.

БЕЗ ВУГРИНЕЦ , СТАНИЌ, ЈОНОВСКИ...

Ренато Вугринец нема да биде дел од тимот на Металург на саботниот натпревар. Повредата на зглобот не е решена и тој е надвор од строј. Нема да биде ниту Дарко Станиќ. Неговата разделба со тимот е во фаза во која би требало да биде на трибините, иако, тоа е политика и кој знае што и како ќе биде понатаму.

Аце Јоновски е повреден, а мошне веројатно друштво ќе му прави и Велко Маркоски. Двата столба на одбраната, така ќе може да го пропуштат овој натпревар.

ПОДГОТОВКА ЗА ЛШ

Дуелот со Раднички, екипа која треба да биде искористена за воигрување без притоа да се стравува за резултатот, е можност за Лино Червар да спреми постава за дуелот со ПСЖ.

„По Ранички ни доаѓаат дуелите со Веспрем и по тоа со ПСЖ. За тој натпревар ќе бидеме ослабени за Вугринец, па затоа се трудам да го воиграм Липовина колку можам подобро, пробуваме и комбинации со деснорак бек, пробуваме сé, ќе видиме што ќе биде најдобро во моментот.

Младите ракометари работат нон-стоп. Тренираа и по Вардар, тренираа и за празникот. Ги мачам, ги трошам колку што можат да издржат и воопшто многу се работи со нив“, изјави Лино Червар.

Претставник на Металург на оваа прес-конференција беше и Лука Циндриќ, еден од ракометарите од новиот бран.

„На мечот со Вардар имавме многу лошо отворање и таков почеток не смееме да повториме против никого, никогаш. Работиме на отстранување на грешките и се надевам дека на секој следен натпревар ќе бидеме подобри“, изјави Циндриќ.

ХУМАНИТАРЕН МЕЧ

Влезот на саботниот натпревар ќе биде слободен за сите кои ќе купат алка од клиниката за детски болести која чини 100 денари, а ќе може да се купи во Сити мол (Тренд кафе) и на касата во салата.

Ова е продолжение на хуманитарната мисија на Металург во СЕХА кога се работи за натпреварите од регионалниот шампионат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...