Кинеската компанија Brilliance на домашниот пазар го претстави рестилизираниот модел FSV седан.
.jpg)
Измените сепак не се големи, односно вклучуваат поинаков браник, нова предна решетка, повеќе хромирани детали, дотерани задни светла, како и помодерна внатрешност со поквалитетни материјали.
.jpg)
FSV седан е долг 4.510 мм, широк 1.750 мм, висок 1.460 мм, додека за погонот се грижи 1,5 литарски четирицилиндрилен бензински мотор (со потекло од Mitsubishi) со 105KS и 135 Nm вртлив момент.
.jpg)
Цената на обновениот FSV седан ќе стартува од околу 7.920 евра.