Најскапата секс-играчка на светот e направена од платина, дијаманти, сафири и бисери

Вибраторот „Ројал перл“ (кралски бисер) е најскапата секс-играчка во светот. Пред неколку години чинеше околу 900.000 евра, а денес вреди над 1,6 милиони евра. Дизајниран е од Колин Бурн, златар и уметник од Австралија, за неговата колекција „ Treasure, The Erotic”.



-Оваа извонредна, функционална направа е уникатен дел од современата уметност на накит што ќе се препознава со векови нанапред. Има прекинувач и контрола на брзината, а кога е исклучен, тоа е прекрасен украс којшто служи како таен клуч за задоволството, се вели на страницата каде што може да се нарача вибраторот.

- Мојата инспирација беше да создадам нешто што ќе ја покаже вредноста што луѓето му ја припишуваат на сексот. Луѓето трошат многу пари за искуството да поседуваат „Масерати“ и слично. Но, се прашував дали ќе платат богатство за вакво нешто?, рече Колин.

Mега-луксузниот вибратор тежи околу половина килограм и работи со две рачно изработени „моторчиња“. Направен е од платина покриена со 2.000 дијаманти, неколку кралски сини сафири, бисери и многу ретки розови дијаманти. Накитот е вметнат така за да не се гребе...

- Така употребата на вибраторот е многу пријатна!, тврди овој златар.

Може да се купи преку интернет, но и ќе треба да се почека 12 до 13 недели, бидејќи е потребно токму толку време за да се состави ваква направа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Разговор пекаде на Балканот:
"Зошто ја пративте ќерката да студира филозофија?"
"Па, кога ќе се омажи, додека му прави ручек на мажот, да има за што да размислува!"
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Ден на Европа
1502.- Славниот џеновски морепловец Кристофер...
1800.- Роден е Џон Браун, американски фармер,...
1805.- Во Вајмар умре Фридрих Шилер, еден од...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби