Зошто секс на брзина?
Сексот на брзина го враќа адреналинот и возбудата што сте ја чувствувале на почетокот од врската. На овој начин се потсетувате колку се обожавате, колку се привлекувате меѓусебно и колку сте непослушни и спремни секаде и во секое време да имате секс на брзина.
Не уживаат само мажите
Одсекогаш се мислело дека ваков секс на брзина е машка работа, бидејќи мажите уживаат во краток секс без емоции. Но ова не е точно! Кај жените кои имаат често секс на брзина се зголемува и зачестува желбата за секс и уживаат во оргазам иако сексот трае кратко.
Направете комбинацијаКомбинација од секс на брзина и долг секс. Иако е ОК најчесто да имате секс на брзина кој трае од 5 до 15 минути, сепак кога имате повеќе време посветете се еден на друг многу подолго и уживајте во сексот 45 минути, 1 час или повеќе ако сакате.
Чувствувајте се секси
Не е партнерот оној кој треба да се труди секогаш да ве запали и да направи да се чувствувате секси, треба и самите да си помогнете. Облекувајте се секси, читајте еротски книги и мислете на секс.
Секогаш е право време за секс
Ако чекате да ja облечете најубавата долна облека, да стасате на време на работа и слично никогаш нема да можете да уживате во сексот. Премногу организиран секс може да не ве доведе до врвот. Брзиот секс не е комфорен, нема свеќи и пригушени светла. Тој е интензивен и помалку груб, но затоа го зголемува уживањето и ве доведува до оргазам.
Локација
Се зависи од ситуацијата - 3 минутен секс во тоалетот на некоја забава може да ги задоволи вашите животински инстинкти. Полу-јавен секс е исто така ефективен за либидото и оргазмот.
Затоа бидете спонтани и препуштете се на уживањата што ги нуди сексот.