Audi e-tron како конкуренција на Jaguar I-Pace и Tesla Model X

Audi e-tron е целосно електричен SUV кој ќе пристигне во јануари како конкуренција на Jaguar I-Pace и Tesla Model X.

Ова е првиот целосно електричен модел на Audi, и ќе има должина од 4.9m., дизајниран да се наоѓа помеѓу Q5 и Q7 моделите. Во неговиот дизајн се забележуваат сличности со Q8, но со уникатни елементи како променетата предна решетка и камери кои ги заменуваат страничните ретровизори.



Е-tron ќе има пар електрични мотори, по еден на секоја оска. Предниот ќе има моќност од 170 коњски сили, задниот од 190, а заедно ќе нудат комбинирана моќност од 405 коњски сили во период од 10 секунди. Забрзувањето од 0-100км/ч. се очекува да биде помало од 6 секунди, а максималната брзина 200км/ч.

Од Audi велат дека e-tron е дизајниран да вози на долги патеки и дека може да помине над 400km. со полни батерии. DC портот за полнење е способен за полнач од 150kW – доволно за автомобилот да се наполни до 80% за помалку од половина час.



Внатре, e-tron ќе нуди типична практичност која се сретнува кај SUV моделите. Ќе има место за 5 возрасни личности, багажник со волумен од 660 литри (нормален) и 1725 литри (со спуштена задна клупа).

Остатокот од кабината е многу сличен на онаа од моделите A7 и A8 – со два touchscreen дисплеи со контроли на нив, и виртуелен кокпит.

Камерите наместо ретровизори ќе бидат опционални, а информациите ќе ги прикажуваат на OLED екрани интегрирани во панелите на вратите, кои ќе можат да се користат и за нагодување на аголот.



Ќе бидат понудени и разни стилски пакети, а ќе можат да се одберат бандажи од 19, 20, и 21 инчи – со 22 инчни во Audi Sport верзијата.

Информации околу цените сè уште нема, но се очекува таа да изнесува под 80 000 евра.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...