Audi A4 во ново издание за 2019-та

Ова лето Audi го подновија нивниот модел А4 со суптилни дизајнерски промени и нова стандардна опрема, но компанијата планира негово ново издание за 2019-та.

Сегашниот модел кој е во продажба уште од 2015-та веќе почнува да си ги покажува годините во однос на импресивните нови изданија на BMW 3 Series и Mercedes C-Class.

Како што се гледа од сликите, дизајнот на екстериерот на новиот А4 ќе биде многу помодерен и посличен на оној на новите А6 и А8.

Големи промени се најавени и за кабината, а бидејќи А4 ја користи истата MLB Evo платформа како и А6, во него ќе биде вградена технологијата од „поголемиот брат“.

Стариот MMI infotainment систем ќе биде заменет со нов систем со два екрани кои го имаат A6, A7, A8 и Q8 SUV. 8.8 инчен дисплеј ќе биде главниот интерфејс во стандардната опрема, со можност за негова надградба на 10.1 инчен со вграден хаптички фидбек. Под него ќе се наоѓа 8.6 инчен втор екран, додека пак 12.3 инчната дигитална инструмент табла најверојатно исто така ќе биде дел од основната опрема.



Се планираат и ревизии на шасијата и суспензијата, но не е познато што точно ќе се случува со селекцијата на моторите.

Од Audi планираат електрифицирана варијанта на секој нивни модел до 2025-та, но тоа може да не се случи сè до идната генерација на А4.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...