Kia Habaniro концепт

Концептот на Kia Habaniro беше претставен на New York Motor Show, прикажувајќи го можниот изглед на следното издание на Kia Niro кое на пазарот треба да се појави во 2021.

Иако концептот има 4 врати кои се отвораат нагоре, тие најверојатно нема да постојат во продукциската верзија, исто како и двобојната колор шема и 20-инчните бандажи.



Habaniro е замислен како комплетно електричен модел, што покажува дека и следната генерација на Niro ќе продолжи во оваа насока. Продукцискиот модел се очекува да постои во 3 варијанти – комплетно електрична верзија, plug-in хибриден модел и целосно хибриден.

Концептот има домет од над 480km., но сè уште не се објавени информации во врска со капацитетот на батеријата, туку само дека погонот ќе му биде на сите тркала со електрични мотори на двете оски.



Должината му е 4430mm., што е за 75mm. повеќе од Niro, од кој што ќе биде и поширок и повисок. Зголемено е и меѓуоскиното растојание од 2700mm. на 2830mm., што создава повеќе простор за патниците.

Како што е чест случај со концептите, футуристичкиот ентериер најверојатно нема да стигне до продукциската фаза, туку ќе бидат вградени традиционални екрани и копчиња наместо проектирање на информациите на HUD кој се протега по должината на шофершајбната.



Концептот има конкавна инструмент табла која функционира како огромен touchpad со помош на фидбек со сензорна светлина, овозможувајќи им на корисниците да „свајпуваат“ напред и назад со прст за да се движат низ опциите на дисплејот.

Дури и системите за греење и вентилација се футуристички, рамномерно дистрибуирајќи го воздухот низ кабината, додека меко амбиентално светло се емитира низ подот со геометриска шара.



Habaniro исто така има систем кој од Kia го нарекуваат READ (Real-time Emotive Adaptive Driving), кој со помош на вештачка интелигенција и био-сигнали ја надгледува состојбата на возачот и според тоа го нагодува опкружувањето во кабината. На тој начин тој е способен да насети кога возачот сака да погледне што се случува зад него, по што автоматски активира заден дисплеј од 180 степени што ја елиминира потребата од ретровизори.

Habaniro има Level 5 автономија и кога автономното возење е активирано воланот и инструмент таблата се повлекуваат, со што се зголемува просторот за предните патници.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...