Нов Aston Martin Vantage AMR со мануелен менувач

Aston Martin го претставија новиот Vantage AMR со мануелен 7-брзински менувач, кој ќе биде лимитиран на само 200 примероци.

Системот за менување на брзини е наречен AMSHIFT и покрај другото, му овозможува на возачот да менува брзини без да ја тргне ногата од педалата за гас.



Во споредба со вообичаениот ZF 8-брзински автоматски менувач кој се вградува во Vantage, мануелниот е полесен за 95kg.

Моторот е истиот од веќе постоечкиот Vantage – 4.0 литарски twin-turbo V8 со моќност од 510 коњски сили и 625Nm вртежен момент, забрзување од 0-100км/ч. за 4 секунди (три десетинки побавно отколку регуларниот модел), додека максималната брзина од 314км/ч. е исто така идентична со него.



Vantage AMR ќе биде понуден во 5 дизајнерски спецификации. Од 200-те модели, 59 ќе бидат наречени Vantage 59, во чест на победничкиот модел DBR1 во Ла Манш 1959 и ќе има препознатлива „Sterling Green” зелена боја со тркачка трака, калипери на сопирачките, заден дифузер и просторот околу предната решетка во дречливо зелена боја. Купувачите на останатите 141 AMR модели ќе можат да бираат син, бел, црн или сив финиш на екстериерот.

Цените на новиот Aston Martin Vantage AMR ќе започнат од 174 600 евра и 192 000 за моделот “59“, а првите испораки се очекуваат при крајот на 2019.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
И предлага мажот на жената да се
избричи доле,а таа прашува:
-А зошто?
-Па така,малце промена,за еротика
знаеш.
-Ти не си нормален,па да ми се смее
цело село.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
331 п.н.е.- На реката Тигар, во Месопотамија,...
480. п.н.е.- Во поморската битка кај островот...
1519.- Португалскиот морепловец Фернандо Магелан...
1833.- Роден е италијанскиот новинар и пацифист...