Нова верзија на Audi A4 моделите

Моделот Audi A4 постои околу 25 години, за кое време се направени над 7.5 милиони возила. Сега, Audi ја претставија неговата најнова верзија со подновен изглед, мотори и дизајн на ентериерот.



Моменталната, 5-та генерација на А4 на пазарот е веќе 4 години, по што од компанијата решиле малку да ја подноват, а една од причините е и тоа што сегашната генерација делува малку застарено во споредба со новата серија 3 на BMW и најавениот подобрен XE на Jaguar – и двата модели во иста класа со А4.

Најголемите визуелни промени се на предниот дел – поголеми отвори за воздух, нов дизајн на браникот, како и предна решетка која е поширока и поставена пониско од сегашната а има различен изглед во однос на тримот – со хоризонтални решетки на SE и Sport тримовите, вертијални хромирани на Allroad quattro, и шестоаголни (како саќе) на S и S4 верзиите.

Предните фарови се исто така нови и се LED, додека на задниот дел има браник со нов дизајн.



Во внатрешноста, новиот A4 e скоро идентичен на сегашниот, со поголем екран на infotainment системот (од 10.1 инчи), но без хаптички фидбек како оној од моделот A8

Најголемите промени се под хаубата, бидејќи освен 2.0 литарскиот дизел од 190 коњски сили (40 TDI) и 3.0 литарскиот од 230 коњски сили (50 TDI), сите останати мотори се средни хибриди.

Двата нови 2.0 литарски дизел мотори – 30TDI од 135 коњски сили и 35TDI од 163 коњски сили – како и трите 2.0 литарски бензински ( 35TFSI од 150, 40TFSI од 190 и 45TFSI од 250 коњски сили) се „спарени“ со 12 волтен електричен систем за средно хибридниот и електричен компресор.



Варијантата S4 наместо стариот 3.0 литарски турбо V6 бензински мотор од 353 коњски сили сега ќе има 3.0 литарски TDI дизел мотор од 346 коњски сили со средно-хибриден систем од 48 волти со 700Nm вртежен момент.

Новата верзија на A4 моделите ќе започне со продажба во септември, со цени кои ќе почнуваат од 30 900 евра.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...