Volvo XC40 T5 plug-in хибрид

Volvo лансираа нова plug-in хибридна верзија на нивниот најмал SUV модел, наречена Volvo XC40 T5 Twin Engine, по цена од 45 800 евра за основната и 47 400 евра за најмоќната варијанта, а првите испораки се очекуваат во февруари 2020-та.



Volvo XC40 T5 Twin Engine е напојуван од 1.5 литарски 3-цилиндричен бензински мотор, 10.7kWh литиум-јонска батерија и електричен мотор, и има вкупна моќност од 260 коњски сили, погон на предните тркала, и 7-брзински менувач.

Забрзувањето од 0-100км/ч. според Volvo изнесува 7.3 секунди, максималната брзина му е 205км/ч., потрошувачката 60км/л., CO2 емисиите 38г/км., додека пак дометот само со електричниот мотор му е 46км.

Сите XC40 T5 модели доаѓаат со 4.5 метарски кабел со 3 пинови за полнење во домашни услови, со кој батеријата целосно се полни за 3,5 до 6 часа. Volvo нудат и Тип 2 кабел за брзо полнење за користење со комерцијални станици за брзо полнење, кој ќе овозможува полн капацитет на батеријата за околу 2,5 часа.



На располагање ќе бидат 4 трима – R-Design со 19 инчни алуминиумски бандажи, LED фарови, црн трим на екстериерот и затемнети стакла, спортски волан и алуминиумски педали. R-Design Pro ќе има 20 инчни бандажи, активни LED предни фарови, стакло на шофершајбна со загревање, предни седишта со загревање и мемориска функција за нивната позиција, како и за позицијата на надворешните ретровизори. Inscription ќе има хромиран трим на екстериерот и кожен тапацир, а Inscription Pro ќе има уште повеќе дополнителна опрема.

Сите 4 варијации ќе ја имаат стандардната 12.3 инчна дигитална инструмент табла, и 9-инчен Infotainment екран.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...