Tesla Model Y

Tesla Model Y е првиот кросовер модел на овој бренд, кој кога ќе се појави на глобалниот пазар есента 2020 ќе биде ривал на Hyundai Kona electric, Kia e-Niro и MG ZS EV.



„Standard” варијантата ќе биде основната, со погон на задните тркала, максимална брзина од 193км/ч., забрзување од 0-100км/ч. за 5.9 секунди, домет од 370км. и цена од околу 34 500 евра, а на пазарот ќе се појави во пролетта 2021. Model Y инаку ќе биде првиот Tesla модел изграден во Tesla Gigafactory Europe чија конструкција ќе започне во 2021.

,,Long Range” варијантата ќе биде лансирана есента 2020 по цена од околу 42000 евра, а ќе има погон на задните тркала, максимална брзина од 210км/ч., забрзување од 0-100км/ч. за 5.5 секунди, и домет од 483км.

Model Y скоро 75% од своите компоненти ќе ги дели со скоро лансираниот Model 3, вклучувајќи ја и платформата, а најверојатно ќе го дели и истиот батериски пакет од 75kWh со Tesla Model 3 Performance.



Model Y “Dual Motor AWD” верзијата ќе биде на располагање есента 2020 и ќе чини од 46 800 евра, а ќе има погон на сите тркала, домет од 450км., забрзување од 0-100км/ч. за 4.8 секунди и максимална брзина од 217км/ч.

Најмоќната Model Y “Performance” варијанта ќе чини од 53 800 евра, а ќе има домет од 450км., забрзување од 0-100км/ч. за 3.5 секунди, и максимална брзина од 240км/ч.



Дизајнот на Мodel Y е инспириран од неговиот поголем „брат“, Model X, чија силуета ја има задржано. Поголемиот дел од ентериерот, пак, е превземен од Model 3 – минималистичка командна табла, панорамски стаклен кров, безжичен полнач за телефони и 15-инчен централно монтиран infotainment екран преку кој се контролира сè во автомобилот.

Како и Model X, и Model Y е седмосед, меѓутоа дополнителните 2 седишта ќе бидат на располагање само како опција која се доплаќа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Стојат две плавуши на различни страни од реката кај што нема мост и се довикуваат :
1П:Како да дојдам од другата странаааа ???
2П:Па од другата страна сииии !!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително...
Верски календар
На денешен ден
1778.- Во Ерменонвил умре Жан Жак Русо,...
1860.- На брегот на Јапонското Море близу до...
1877.- Роден е Херман Хесе, германски писател....
1881.- Во Вашингтон е извршен атентат врз...