|
|
|
Нов SUV на Toyota базиран на YarisToyota работат на нов малечок SUV кој ќе биде ривал на моделите како Nissan Juke и Renault Captur, а се очекува на пазарот да се појави во следните 18 месеци.

Сè уште неименуваниот модел е дизајниран да се наоѓа под C-HR, и покрај тоа што C-HR е веќе помал од конкуренцијата како Nissan Qashqai и Peugeot 3008, а од Toyota веруваат дека возило со приближна должина од 4 метри ќе им се допаѓа на потенцијалните купувачи чија цена на C-HR е превисока.
Новиот малечок SUV веќе има добиено „зелено светло“ од седиштето на компанијата во Јапонија и скоро сигурно ќе биде базиран на платформата која се наоѓа под најновиот Yaris, кој дебитираше во октомври минатата година. Тоа значи дека новиот автомобил ќе биде вториот модел кој ќе ја користи TNGA-B архитектурата.
Новиот модел се очекува да биде неколку милиметри подолг од Yaris (нешто над 4 метри) и околу 40 милиметри повисок од него.
Меѓуоскиното растојание можеби ќе биде зголемено, со што би се добил поголем простор за нозете за патниците, во споредба со Renault Captur, Citroen C3 Aircross и Skoda Kamiq.
TNGA-B архитектурата значи дека новиот модел ќе може да биде електрифициран, најверојатно користејќи го истиот 1.5 бензински хибриден погон од Yaris, со вкупна моќност од околу 116 коњски сили.
Внатре, се очекува да биде вграден истиот infotainment систем од поскапите Yaris модели, со 10-инчен дисплеј и голем централен екран со Apple CarPlay и Android Auto.
|
|
|
|
 |
|
 |
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
Powered by MagnumPRO |
|
 |
Виц на денот |
|
Од сите спортови најмногу ги сакам хокејот и боксот. - Зошто? - Оти сум забар!
|
|
|
 |
Состојба на патиштата |
|
|
|
 |
Верски календар |
|
|
|
 |
На денешен ден |
|
1811.- Венецуела стана прва јужноамериканска...
1857.- Родена е Клара Цеткин, познат политички...
1889.- Роден е Жан Кокто, француски писател. Тој...
1988.- Во Скопје умре Драга Чаловска-Секуловска,...
|
|
|
|