„Алпина“ го претстави новиот теренец „Икс-бе-7“



Минхен, 21 септември 2022 (МИА) – „БМВ“ го претстави обновениот модел „Икс-7“ во април годинава, а неколку часа подоцна и „Алпина“ го покажа својот голем теренец „Икс-бе-7“ – со истите поделени фарови, но сега уште помоќен.

Дизајнот на предната табла е практично ист, што значи дека сѐ уште има поделени фарови со масивна решетка меѓу нив. И двата дела на решетката се осветлени, а достапна е и функцијата „водопад-светлина“ којашто може да се активира во возењето. Уникатниот изглед на долниот дел го прави теренецот многу „агресивен“ по изглед, а одзади има чифт предизајнирани издувни врвови сместени на задниот браник.



„Икс-бе-7“ доби стандардни 21-инчни тркала со гуми 285/45-Р-21, но и опција – комплет од 23-инчни тркала со дизајн „Алпина класик“. Зад предните бандажи се кријат сопирачки „Брембо“ со четири клипови.

Под хаубата е новиот 4,4-литарски „В-8 твин-турбо“ мотор на „БМВ“ со блага хибридна технологија. Тој сега испорачува 630 коњски сили и 800 њутн-метри во вртежи. Моќта се пренесува на сите четири тркала преку осумстепен автоматски менувач. Теренецот забрзува до 100 км/ч за четири секунди и достигнува максимални 290 км/ч.



Возилото е оценето како стабилно во свиоците, има интелигентен „Екс-драјв“ погон на сите тркала и електронски променлив диференцијал со ограничено лизгање. Степенот на блокирање постојано се прилагодува во зависност од брзината на тркалото, коефициентот на зафат и аголот на управување.

Внатре, она што најмногу привлекува внимание е најновата генерација на инфозабавниот систем којшто доаѓа со подобрена функционалност за гласовна контрола и поголем степен на достапна персонализација. На безбедносен план, има нов систем што користи ГПС-податоци, подробности за траекторијата снимени од претходното возење и складирање до 10 различни маневри за паркирање.

„Алпина“ веќе прима нарачки, а првите испораки се очекуваат на почетокот на следната 2023 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Разговор пекаде на Балканот:
"Зошто ја пративте ќерката да студира филозофија?"
"Па, кога ќе се омажи, додека му прави ручек на мажот, да има за што да размислува!"
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Ден на Европа
1502.- Славниот џеновски морепловец Кристофер...
1800.- Роден е Џон Браун, американски фармер,...
1805.- Во Вајмар умре Фридрих Шилер, еден од...