Кампања на РСБСП „Користи зимска опрема“

Во рамки на кампањата „Користи зимска опрема“, Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата (РСБСП) ги потсетува возачите на моторни возила на законската обврска за поседување на зимска опрема во возилото (независно на тоа дали се вклучени во сообраќајот во населено место или надвор од населено место) од 15 ноември оваа година до 15 март следната година.



Неповолните временски услови на патиштата (влажни коловози, пониски температури, врнежи на дожд и снег, намалена видливост) може да го зголемат времето на реакција на возачите, да ги деконцентрираат, да го продолжат сопирачкиот пат на возилото и сл. Затоа РСБСП советува да се провери возилото и да се подготви за зимските услови, да се почитува законската обврска за носење на зимска опрема и да се придонесе за побезбедно учество во сообраќајот на патиштата.

РСБСП упатува апел до возачите на моторни возила:

· бидете внимателни и возете одговорно,

· следете ги информациите за временските услови на патиштата,

· прилагодете го возењето според условите на патот,

· почитувајте ги сообраќајните правила и прописи и патната сигнализација,

· носете зимска опрема во возилото и користете ја соодветно,

· направете зимска проверка на возилото односно проверка на антифризот, маслото во моторот, течноста за бришачите на ветробранското стакло, проверете го акумулаторот и притисокот на пневматиците, обезбедете течност или спреј за одмрзнување на стакло, брави и сл.,

· одржувајте поголемо растојанието меѓу возилата,

· избегнувајте нагло сопирање на возилото,

· избегнувајте нагло намалување или зголемување на брзината на возилото.

РСБСП апелира: Проверете ја подготвеноста на возилото за зимски услови на патиштата! Да придонесеме за намалување на несаканите последици и зголемување на личната и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе на лекар цел во модрици.
- Што е ова бре Трпе?
- А бе вчера игравме голф со жена ми. И кога го запука тоа топчето право кај кравите. Отидовме да го бараме. Барај,...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на борба против СИДА-та
- Национален празник на Романија
1135.- Умре англискиот крал Хенри I, младиот син...
1455.- Умре италијанскиот вајар Лоренцо Гиберти,...