Dave’s Kitchen: Празнична цветна погача

Од денес, па секој нареден четврток Идивиди готви со Давор Панчевски и Dave's Kitchen.

Сите љубители на добрата храна ќе имаат можност да научат нешто ново преку најразличните рецепти како од солената, така и од благата кујна. За денес Давор ни приготви едноставна, но превкусна погача со спанаќ и урда.

Потребни состојки :

  • 500 гр. брашно
  • 250 мл. млеко
  • 1 свеж квасец
  • 1/2 филџан шеќер
  • 1 филџан масло за јадење
  • прстофат сол
  • 200 гр. обарен и исечкан спанаќ
  • 150 гр. урда

Во сад на страна убаво измешајте ги млекото, квасецот и едно лажиче шеќер, оставете да стаса. Доколку сакате да ја забрзате постапката на стасување млекото треба да биде млако. Стасаната смеса додадете ја во брашното. Додадете ги маслото, шеќерот и солта. Од овие состојки направете меко и глатко тесто. Оставете да стаса 1 час на собна температура или додека не ја зголеми двојно големината.

 

Урдата и спанаќот измешајте ги заедно.

Стасаното тесто расукајте го на работната површина во кора дебела околу половина сантиметар. Со помош на чаша вадете кругови. Во секој од круговите нанесете по 1 лажиче од смесата со урдата и нежно превиткајте го на половина, па потоа спојте ги краевите. Редете ги во подмачкано тавче на растојание од половина сантиметар. Постапката ја повторуваме додека не се исполни целото тавче.

Ја оставаме погачата да стаса половина час, ја премачкуваме со жолчка, а во меѓувреме ја загреваме рерната на 180 степени. Се пече околу 20-30 минути или додека не зарумени убаво.


 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби