За мрзеливи „домаќинки“: Колачиња со путер од кикирики без печење

Доколку сакате да направите колачиња, а на располагање немате многу време, овој рецепт е идеален за вас! Направете колачиња со путер од кикирики за чија подготовка не се додава ниту грам рафиниран шеќер, а целата постапка ќе ви одземе само 20-тина минути. За истата не е потребно печење, туку само блендер!



Потребни состојки:

  • 2 шолји овесни снегулки
  • ½ мала лажичка морска сол
  • 10 урми
  • 150 гр путер од кикирики
  • 6 лажици млеко (по можност ореово или бадемово)

Подготовка:

За почеток ставете ги овесните снегулки и морската сол во блендер и добро иситнете ги. Потоа додадете ги урмите и путерот од кикирики и миксајте уште 45 секунди. Додадете од млекото и домиксајте уште кратко, додека истото не се соедини со смесата.

Ставете хартија за печење на тавче или послужавник кој ви го собира во фрижидерот и на неа обликувајте колачиња од смесата по желба. Ние формиравме кругчиња.

Ставете ги колачињата во фрижидер да отстојат 15 минути за да се стврднат.

Добар апетит!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби