Дали е здраво да се пие млеко?

Уште од раното детство млекото ни е основен пијалак на речиси секој оброк.

Зошто е потребно да го пиеме? Млекото е богат извор на протеини, а содржи и калциум и витамин Д што ни помага да имаме јаки коски и заби. Тоа содржи чолин, есенцијален протеин за мозокот и калиум кој помага во заштитата на срцето.



Меѓутоа, одредени студии покажуваат дека пиењето премногу млеко е ризично за срцето. Иако мислиме дека млекото е здраво, истражувањата покажуваат поинаку.

Повеќето од луѓе пијат кравјо млеко. Ова млеко содржи хормони за растење на телињата. Едно истражување покажува дека 60 до 80 % од женските хормони што ги земаме преку храната доаѓаат од кравјото млеко, вклучувајќи го и хормонот ИГФ-1. Овој хормон ги поттикнува клетките да се размножуваат. Според одделението за превенција на рак на Универзитетот Мак Гили, овој хормон е потенцијално лош, имајќи предвид дека мултиплицирањето на клетките е симптом на рак.

Шведските студии покажуваат дека жените кои пијат повеќе од две чаши млеко на ден имаат два пати поголем ризик да заболат од рак на јајници.

Во едно истражување од 2011 година се покажало дека млекото не го намалува ризикот од фрактури на коските кај жените. И во друга студија од 2014 година се сугерира дека жените кои консумираат многу млеко може да имаат поголем ризик од фрактура и висок ризик на смртност во споредба со оние кои пијат помалку млеко.

Истражувачите ги прегледале податоците на повеќе од 61.000 жени и 45.300 мажи кои биле анкетирани со серии од прашања за храната во период од две децении. Резултатите покажуваат дека пиењето на три или повеќе чаши млеко на ден е поврзано со висока стапка на фрактура на колковите кај жените и поголем ризик за смртноста и кај жените и кај мажите во споредба со оние кои консумираат помалку млеко (една чаша на ден).

Проблемот е во тоа колку од хормоните кои ги има во млекото може да влезат во телото после дигестијата. Не е јасно дали е исто толку загрижувачка состојбата и со другите млечни производи.

Истовремено, истражувачите ја проверуваат можноста оние што пијат млеко, да имаат поголем ризик за рак или за други погоре споменати болести. Сепак, тие не можат да докажат со сигурност дека млекото е главен предизвикувач на овие здравствени проблеми.

Поради тоа, здравствените експерти препорачуваат да се пие само една до две чаши млеко на ден. Возрасните да консумираат обезмастено млеко кое содржи помалку хормони од кравјото млеко. Тие сепак нагласуваат дека нe треба да се изоставува млекото од исхраната. Треба да се пие онолку колку што е дозволено. Млекото е богато со калциум и протеини, а овие хранливи вредности не треба да се скратуваат.



Има лица кои се нетолерантни на лактоза и нивниот организам не можат да го поднесе млекото. Но, тука нема место за загриженост. Ако тие не може да ги добијат овие хранливи вредности од млекото, може да ги добијат од други извори, како што се листестиот зеленчук со зелена боја, тофу сирењето и бадемите. Витаминот Д го има во лососот, јајцата и портокалите.

Можете да ги пробате и другите познати алтернативи за млекото:

- Бадемовото млеко има малку масти и калории, а е богато со калциум, витамин Е и шеќер.

- Млеко од соја е исто така одлична опција, бидејќи е добро е за спречување на срцеви заболувања. Но, лошата страна на сојата е што ако премногу се консумира, може негативно да влијае на плодноста.

- Ако сте склони на алергии, најдобро за вас е оризовото млеко, кое не содржи лактоза. Лесно е и претставува супер верзија на кравјото млеко.



Совет: Секогаш проверувајте ја содржината на шеќер во млекото бидејќи некои негови алтернативи содржат засладувачи. Ако сакате да бидете здрави, пијте обезмастено млеко кое не содржи засладувачи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Женска логика

Патувам со градски.
Преполн е и баш не ми се турка до апаратот за да ја поништам картата.
Ќе ја замолам жената пред мене да ја поништи.
Како да и се обратам,...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
330.- Константинопол (сегашен Истанбул) стана...
1896.- Во Чаковец е роден Јосип Славенски,...
1904.- Во Фигерас е роден е Салвадор Дали,...
1916.- Умре Макс Регер, германски композитор на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби