Dave’s Kitchen: Рози од јаболка во лиснато тесто

Лесно, вкусно, практично....

Потребни состојки:

  • 1 смрзнато лиснато тесто
  • 2 јаболка
  • сок од половина лимон
  • брашно за да растегне лиснатото тесто
  • 3 лажици мед
  • цимет (по желба)
  • шеќер во прав за декорација

Начин на подготовка:

Подгответе сад со вода и сок од половина лимон. Јаболката исечете ги на половина, извадете ги семките и краевите и сечете ги на многу тенки парчиња. Потоа варете ги во претходно споменатата течност додека убаво не омекнат.

Размесете го лиснатото тесто врз набрашнета површина. Користејќи сукало растегнете ја кората. Пресечете 6 ленти. Должината да биде 5см х 22 см. Во мал сад ставете го медот и две лажици вода, промешајте и со оваа смеса премачкајте го тестото. Наредете ги прачињата јаболка на врвот од тестото едно до друго. Ставете малку цимет. Свиткајте го долниот дел од тестото да се гледаат јаболката на горниот дел, но сепак тестото да биде преполовено. Полека виткајте ја кората и ставете ја розата од тесто во премачкан калап за мафини. Печете на 160 степени околу 40-45 минути. Кога ќе бидат готови, украсете ги со шеќер во прав,

Повеќе рецепти од кујната на Давор пронајдете на неговата FB страна, Dave’s Kitchen.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Женска логика

Патувам со градски.
Преполн е и баш не ми се турка до апаратот за да ја поништам картата.
Ќе ја замолам жената пред мене да ја поништи.
Како да и се обратам,...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
330.- Константинопол (сегашен Истанбул) стана...
1896.- Во Чаковец е роден Јосип Славенски,...
1904.- Во Фигерас е роден е Салвадор Дали,...
1916.- Умре Макс Регер, германски композитор на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби