|
|
Dave`s Kitchen: Турски лепчиња за појадок Овој четврток Давор од Dave`s Kitchen со вас споделува одличен рецепт за вкусни турски лепчиња кои одлично одговараат со путер и џем од кајсии за појадок.
Потребни состојки :
- 20 гр. свеж квасец
- 100 мл. млака вода
- 250 гр. растопен путер (или маргарин)
- 100 мл. масло за јадење
- 2 лажици шеќер
- 1 лажица сол
- 1 цело јајце
- 750 гр. брашно
- 1 жолчка за премачкување
Начин на подготовка:
Замесете меко тесто од овие состојки и оставете го да стасува околу 60-75 минути. Откако ќе нарасне тестото поделете го на 10 еднакви парчиња и наредете ги во тавче обложено со хартија. Оставете 10-15 минути да одморат, а потоа притиснете ги со помош на дланката.Премачкајте ги со жолчка и нарусете сусам. Со помош на вилушка направете шара и печете ги во загреана рерна од 180 степени околу 15-20 минути. Одлични се како и за солени така и за благи варијанти.
Повеќе рецепти од кујната на Давор, ќе најдете на неговиот FB профил Dave's Kitchen.
|
|
|
|
 |
|
 |
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
Powered by MagnumPRO |
|
 |
Виц на денот |
|
Се среќаваат двајца пријатели по долго време и се прашуваат: - Ти, што правиш во животот? - Јас сум формацевт. - Аха, во аптека работиш? - Не бе, форматирам дискови.
|
|
|
 |
Состојба на патиштата |
|
|
|
 |
Верски календар |
|
|
|
 |
На денешен ден |
|
1942.- Во месноста Долец, во Болнската Планина...
1981.- Во Милано умре Еуџенио Монтале,...
1986.- Во Скопје умре Драгутин Аврамовски-Гуте,...
1996.- Умре Тома Прошев, македонски композитор....
|
|
|
 |
Хороскоп |
|
|
 |
|