Пет причини за намалување на внесот на рафинираниот шеќер

Кога станува збор за одржувањето на тежината, рафинираниот шеќер во сите негови форми е пожелно што повеќе да се лимитира или да се елиминира од исхраната.

1) Го влошува спиењето

Колку повеќе шеќер јадете во текот на денот, толку поголеми се шансите да се будите во текот на ноќта. Причината за тоа е што шеќерот ја намалува активноста на клетките кои регулираат колку лесно се будиме. Овие клетки исто така го контролираат и апетитот, што значи не тераат повеќе да јадеме кога сме будни.

2) Ја зголемува подложноста на настинки и грип

Кога станува збор за ефективниот одговор на имунолошкиот систем особено во сезоната со настинки и грипови, шеќерот може значително да го намали така што ја намалува „армијата“ од бели крвни клетки.

Кога се внесува голема доза шеќер одеднаш (како газиран пијалок, бомбони и сл.), привремено се запира можноста на имунолошкиот систем да реагира на надворешни „непријатели“. Доколку тоа се случува ретко, ништо страшно, но бидејќи ефектот трае неколку часа, доколку постојано јадете храна која содржи шеќер, со тоа го саботирате сопствениот имунолошки систем.

3) Го зголемува ризикот од срцеви заболувања

Дури и доколку не сте со прекумерна тежина, исхраната богата со шеќер го зголемува ризикот од појава на срцеви заболувања. Во една студија која траела 15 години, учесниците кај кои повеќе од 25% калории кои ги внесувале биле од шеќери имале двојно поголеми шанси да умрат од срцева болест во споредба со оние кај кои помалку од 10% калории од храната доаѓале од шеќери.

4) Потенцијална депресија

Шеќерот предизвикува емоционални флуктуации кои вклучуваа анксиозност, фрустрација, па дури и депресија. Рафинираниот шеќер докажано ги троши важните хранливи состојки како протеинот и витамините Б, цинкот, хромот и манганот, чиј недостаток може да доведе до пониско ниво на емоционално и ментално функционирање.

5) Влошување на состојбата на кожата

Рафинираниот шеќер како и другата високо-гликемична храна го подигаат нивото на инсулин во телото, со што се зголемуваат воспаленијата. Кога тоа се случува, воспалението создава ензими кои ги уништуваат колагенот и еластинот, структуралните „градежни блокови“ на кожата, што резултира со „свисната“ кожа и брчки. Гликацијата исто така ги влошува пореметувањата на кожата како што се акните.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби