Храна која е најчест извор на алергени

Aлергијата на храна е сериозна и понекогаш животно загрижувачка медицинска состојба. Сепак, не сите алергени во храната се лесно забележливи.

Еве која храна е најчест извор на алергени:

1) Млеко



Алергијата на протеинот во кравјото млеко е најчеста кај новороденчињата и децата, а оние кои ја имаат треба да избегнуваат млеко и млечни производи (јогурт, сирења, кашкавали, урда, павлака и сл.), путер, млеко во прав и чоколадо. Треба да се внимава и на процесирани житни производи кои можат да содржат деривати од млеко.

2) Соја

Сојата е член на семејството мешунки, но тоа не значи дека оние кои се алергични на неа се автоматски алергични и на останатите вакви растенија. Храна која треба да се избегнува е сојата, млекото од соја, тофу и протеин од соја.

3) Јајца



Белките од јајцата се делот кој го содржи протеинот кој предизвикува алергиска реакција, а бидејќи е невозможно белката да се издвои од жолчката без било каква контаминација, тие треба целосно да се избегнуваат. Треба да се избегнува и мајонезот, како и сладоледи и разни тестенини кои содржат јајца.

4) Пченица

Алергијата на пченица е различна од Целијачната болест, бидејќи со ваквата алергија, можат да се консумираат останати зрна како јачмен, пченка, 'рж, овес, ориз и киноа. Храна која треба да се избегнува е брашно, кускус, трошки од леб и прехранбен скроб.

5) Кикирики



Оваа е најопасната алергија кај деца, и дури и најмала експонираност може да предизвика анафилатична реакција, поради што мора да се внимава на составот на секоја храна да не случајно содржи кикирики.

6) Школки

Оние кои имаат алергија на школки треба да ги избегнуваат во секоја.

Алергиите на храна го вклучуваат имунолошкиот систем и може да се опасни по живот, додека пак нетолеранцијата на одредени видови на храна е многу помалку сериозна состојба и вклучува недоволна дигестија на одредена храна.

Некои алергии како оние на кикирики и школки обично траат цел живот, додека некои можат децата да ги надраснат (како онаа на млеко, јајца и соја).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби