Храна која треба да се избегнува пред вежбање

Кога станува збор за вежбањето, важно е да се напомене дека секој има различна чувствителност на одредена храна. Меѓутоа, она што е заедничко е дека храната која ја консумираме ќе биде користена како гориво и енергија за активностите кои што следат.



Еве неколку видови храна кои се познати по тоа што предизвикуваат проблеми доколку се јадат пред вежбање:

1) Чили

Комбинацијата на зачини, влакна и киселина може да предизвика гасови и непријатно чувство во стомакот.

2) Моцарела стапчиња

Маснотиите и солта може да предизвикаат вознемирен стомак, дијареа, како и чувство на летаргија за време на тренингот. Доколку јадете храна од ваков вид (пржена и масна) пред вежбање, телото ќе задржи повеќе вода поради големата количина на натриум, што ќе ве направи да се чувствувате подуени.

3) Газирани сокови



Шеќерот, карбонизацијата и никаквата хранлива вредност на овие сокови ги прави неподобни за консумирање пред вежбање. Големата количина на шеќер може да предизвика нагло опаѓање на шеќерот во крвта пред да заврши тренингот, а карбонизацијата може да предизвика грчеви во стомакот и лошење.

4) Прејадување со било што

Прејадувањето може да предизвика летаргија, замор, промена на расположението, како и грчеви.

5) Вежбање на гладен стомак

Многумина го практикуваат ова поради тоа што сметаат дека вежбањето на гладен стомак ќе го забрза слабеењето бидејќи телото ќе ги користи маснотиите за енергија, наместо јаглехидратите т.е шеќерот од храната. Меѓутоа, ваквото вежбање носи ризик од тоа да се чувстувате како да ќе се онесвестите, да имате малку енергија за вежбање, да чувствувате гадење и сл. Идеално, треба да имате целосен оброк 2 до 3 часа пред вежбањето, кој треба да се состои од јаглехидрати и протеин.



Добри примери за храна која може да се изеде еден час пред вежбање се банана со интегрално лепче и путер од кикирики, интегрално лепче со авокадо и јајце, јогурт со овошје, или пак протеински бар кој е минимално процесиран.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби