Храна која помага во борбата против стрес и анксиозност

Иако ние можеме да го разликуваме стресот предизвикан од, на пример, грижење за болен роднина, и оној предизвикан од заглавување во сообраќај, нашето тело тоа не може лесно да го направи тоа и реагира и на двата вида на стрес на ист начин. Се ослободуваат хормони како кортизол и адреналин, со што се зголемува отчукувањето на срцето, пулсот и се создава мускулна тензија. Овие физички реакции се корисни во одредени ситуации (на пр. при бегање од зграда која гори), но можат негативно да влијаат на нашето расположение и тежина, доколку станат хронични.



Каква улога игра храната во сето ова? Стресот ги троши резервите на Б витамини од телото, па така внесување на храна богата со Б витамини помага за нивно обновување. Одредени Б витамини, како Б6 и фолатите имаат ефект на регулацијата на гликоза и се неопходни за синтеза на невротрансмитери како допамин, серотонин, GABA и мелатонин, кои ги редуцираат симптомите на депресија и ни помагаат во подобрување на психолошкиот одговор на стресот.

Храната, пак, богата со омега-3 масни киселини може да помогне во регулацијата на мозочните невротрансмитери, што помага во редуцирање на анксиозноста и влијае на тоа како реагираме на стресни ситуации.

1) Масна риба

Рибата како лососот и скушата е богата со DHA и EPA масни киселини, кои ја промовираат здравата функција на мозокот и можат да ја редуцираат инфламацијата. Масните риби се богати и со витамините Б, Д, и антиоксидансот селениум.

2) Семки од тиква

Тие се богати со магнезиум, Б витамини и цинк, кои сите играат улога за здравјето на мозокот. Магнезиумот е вклучен во повеќе од 600 реакции во телото, вклучувајќи ја мозочната функција и расположението, а недостатокот од него е поврзан со депресија.

3) Чиа семе



Семето чиа е најдобриот растителен извор на алфа-линолеична киселина (ALA), која е омега-3 масна киселина. Ова семе помага за одржување стабилност на нивото на шеќер во крвта и е богато и со магнезиум, селениум и разни растителни соединенија поврзани со намалување на инфламацијата во мозокот и телото.

4) Авокадо

Авокадото е одличен извор на монозаситени масти, како и на минерали како фолати и магнезиум. Тоа содржи и витамини Ц, Е, како и антиоксиданси.

5) Лиснат зеленчук

Зеленчукот како спанаќот, кељот, марулата и сл. е богат со витамин Ц, магнезиум и растителни состојки кои ги штитат клетките од оштетување.

6) Куркума



Куркуминот (активната состојка на куркумата) е поврзан со намалување на анксиозноста и инфмалацијата, а помага и за DHA синтезата во мозокот и црниот дроб, што може да има анксиолитични (анти-анксиозни) и смирувачки ефекти.

7) Цели зрна

Целите зрна како овесот се богати со магнезиум, селениум и Б витамини. Тие се и комплексни јаглехидрати, што значи дека побавно се варат и спречуваат нагло качување на шеќерот во крвта, што може да влијае на расположението и стресот.

8) Јогурт

Јогуртот е одличен извор на витамин Б6 и Д, како и на пробиотици со кои се хранат добрите бактерии во стомакот. Истражувањата покажуваат дека бактериите во стомакот влијаат на расположението – една студија каде партиципантите конзумирале мешавина од Lactobacillus и Bifidobacteria (“главните“ бактерии во јогуртот) во период од 8 недели, искусиле помалку симптоми на депресија, намалена инфламација и намалено ниво на серум инсулин.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби