Хранливи состојки кои не може да се добијат од билките

Неколку хранливи состојки не можат да се добијат од билките, а исклучително му се потребни на телото за да функционира правилно  Токму затоа е пожелно сите оние кои се хранат вегански да ги внесуваат преку суплементи.

1) Карнозин



Овој антиоксиданс е клучен за мускулната функција и го има само во храната од животинско потекло. Високо ниво на карнозин во мускулите може да ги подобри перформансите и да го намали нивниот замор. Телото исто така може да продуцира карнозин од амино киселините бета-аланин и хистидин, меѓутоа според разни студии веганите имаат пониско ниво на карнозин во организмот.

2) Креатин

Ова соединение го има во црвеното месо и рибите и може да биде енергетска резерва на телото. Обично се складира во мускулите, каде им е лесно достапен на мускулните клетки за да го искористат за сила и издржливост.

Црниот дроб може да продуцира креатин, но студии покажале дека веганите имаат ниско ниво на креатин во нивните мускули. На пример, во една студија било откриено дека по практикување на вегетаријанска диета, нивото на креатин во мускулите било намалено за само 26 дена.

3) Докосахексаеинска киселина

DHA е омега-3 масна киселина која најмногу ја има во рибите и е клучна за нормално развивање на мозокот. Неадекватната количина на DHA, особено кај децата, може негативно да влијае на нивната мозочна функција и менталното здравје, додека кај бремените жени ниското ниво на DHA може да влијае на мозочниот развој на фетусот.

4) Таурин

Ова сулфурно соединение го има исклучиво во млечните продукти, месото, живината и морската храна, а меѓу другото, помага на мускулната функција.

5) Витамин Б12



Познат и како кобаламин, витаминот Б12 е растворлив во вода и е есенцијален за продукцијата на црвени крвни зрнца, а помага и за одржување на нормалната функција на мозокот и нервите.

Кобаламинот го има во храната од животинско потекло како месото, јајцата, рибите и млечните производи, а студии покажале дека вегетаријанците имаат зголемен ризик од развивање на недостиг на Б12, освен доколку не го внесуваат како суплемент.

7) Витамин Д

Витаминот Д се добива при изложување на сонце, но одреден вид на овој есенцијален витамин познат како холекалциферол (витамин Д3) го има во рибите и јајцата. Недостатокот на витамин Д може да резултира со намалена сила, слабост на мускулите и ризик од деформитети и фрактури на коските.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби