|
|
Dave`s Kitchen: Појадок готов за 5 минути Уште еден здрав и вкусен појадок. Брз, лесен и освежителен, готов за само 5 минути.

Потребни состојки:
- 1 банана пресечена по должина
- 2-3 лажици кисело млеко (доколку постите ставете 2-3 лажици путер од кикирики)
- 3-4 лажици мусли или гранола
- 3-4 свежи јагоди, исечкани
- Неколку малини
- Неколку зрна аронија
- 1 лажичка чиа семе
- Кругови од 1/2 банана за декорација
- 1 лажичка путер од кикирики растворена во 3 лажици вода за преливот
Начин на подготовка:
Во чинија за послужување ставете ги двете парчиња банана, пресечени по должина. Врз нив ставете го киселото млеко или путерот од кикирики.
Декорирајте со јагоди, малини, аронија, мусли или гранола, кругови банана и чиа семе. На крајот завршете ја декорацијата со прелив од путер од кикирики.
Добар апетит и забавно готвење! За повеќе рецепти посетете ја официјалната ФБ страна на Давор, Dave’s Kitchen.
|
|
|
|
 |
|
 |
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
Powered by MagnumPRO |
|
 |
Виц на денот |
|
Родителите на Игорче отишле надвор од градот за викендот па земале бебиситерка да го чува додека се вратат. Пред да си легне во кревет Игорче &иацуте; рекол бебиситерката: - Мене... |
|
|
 |
Состојба на патиштата |
|
Патниот правец Р2332 Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица, затворен е за сообраќај за сите видови на возила од 15.11.2020 до 01.04.2021.
РАБОТИ НА ПАТ:
ДТГ ЖИКОЛ... |
|
|
 |
Верски календар |
|
|
|
 |
На денешен ден |
|
1821.- Прокламирана е независноста на Перу, со...
1871.- Франција капитилираше во војната со...
1878.- Во Њу Хевн, САД пуштена е во употреба...
1887.- Во Лоѓ, Полска, е роден Артур Рубинштајн,...
|
|
|
 |
Хороскоп |
|
|
 |
|