Доматниот сос од кујната на Давор, изобилува со богата арома на зачински билки кои го подобруваат вкусот. Користете го во текот на целата година како сос за паста, пица или додаток на Вашите омилени јадења.

Потребни состојки:
- 30 кг домати, по можност јабучари
- 1 кг кромид, излупен од лушпата
- 2 китки магдонос, исечкани на покрупни листови
- 1 главица лук, исчистена од лушпите
- 3 китки босилек, листовите отстранети
- 3 лажички сол
- 2 лажички суво или свежо оригано
- 4-5 лажици шеќер
- 2 ловорови лист
- 1 гранче рузмарин
Начин на подготовка:
Најпрво исепечете ги доматите во загреана рерна на 180-200 степени околу 30 минути. Излупете ги и изблендирајте ги во блендер. Добиеното пире поминете го низ сито за да ги отстраните семките.
Ставете го чистото пире во тенџере на оган, а во меѓувреме во сецко или блендер ставете ги китките магдонос, кромидот, лукот, босилекот и изблендирајте додека не добиете густо пире. Добиеното пире ставете го во доматниот сос и додајте го ловоровиот лист, рузмаринот и сувото оригано.
Гответе до посакуваната густина – околу 2 часа. Откако ќе го додадете шеќерот и солта гответе уште 15 минути пред да го соберете доматниот сос во тегли. Соберете во стелизирани тегли додека е топло веднаш затворете со чисти капачиња и чувајте ги теглите на топло место да се лади сосот постепено.
Дозата може да ја зголемувате или намалувате по вашите потреби. Од оваа доза излегуваат околу 14 тегли.
Добар апетит и забавно готвење! За повеќе рецепти посетете ја официјалната ФБ страна на Давор, Dave’s Kitchen.