Пет совети за потенка половина

Тенката половина е пожелна за секоја жена, но во обидот да се стигне до неа честопати се прибегнува кон нездрави и болни начини за постигнување на целта.

Истражувањата покажаа дека анасонот, ананасот и нането го зголемуваат нивото на дигестивните ензими, така што храната полесно се вари и останува покусо во телото. Следат уште неколку кратки совети.

1.Помал внес на сол

Прекумерното количество сол во организмот предизвикува таложење и задржување на водата во организмот. За намалување на половината, треба да се намали и количината сол во храната, па така, вишокот течност ќе излезе од телото, а тоа е олеснување за целиот организам.

2.И ѓумбирот е полезен

Истражувањата покажуваат дека и ѓумбирот има корисно влијание врз варењето. Тој, како и анасонот и нането, го зголемува нивото на ензими за варење, така што тоа оди полесно. Покрај тоа, нането ги намалува гасовите и грчевите, ѓумбирот помага при мачнина, а анасонот е природен диуретик кој го спречува задржувањето на водата во организмот.

3.Повеќе пробиотици

Пробиотиците во исхраната ја одржуваат во рамнотежата на цревните бактерии. Имено, кога ќе дојде до нарушување во количината на корисни бактерии, тогаш доаѓа до гасови и подуеност. Пробиотиците не само што се одлични за варењето, туку и го подобруваат расположението и го зајакнуваат имунитетот.

4.Повеќе ананас



Јадењето ананас придонесува за подобро варење и го смирува дигестивниот тракт. Имено, богат е со бромелаин, особено неговиот средишен, тврд дел. Тоа е ензим кој ги разградува протеините, го забрзува метаболизмот и ја намалува акумулацијата на гасови во цревата.

5.Ферментирана храна

И ферментираната храна, во одредена смисла, како што пишува „Кликс“, е доста корисна за здравјето на цревата и правилното варење. Го стимулира растот на корисни бактерии како бифидобактериите и лактобацилите и на тој начин создава одличен извор на природни пробиотици. Покрај тоа што помага да се намали количеството гас, го стимулира и лачењето серотонин – хормонот на среќата што се произведува и во цревата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби