Зошто боровинките се одлични за вашиот мозок?

Боровинката содржи антиоксиданси, особено флавоноиди, кои помагаат при заштита на телото од болести и здравствени ризици поврзани со стареењето.



Ова супер овошје исто така има и репутација на одлична храна за мозокот која ја подобрува когнитивната функција и меморијата, дури и кај постарите лица.

Еве подетално како таа влијае на здравјето:

1) Го намалува ризикот од деменција

Нашите когнитивни функции ослабуваат како што старееме, но подолго се одржуваат доколку во исхраната внесуваме растителни продукти, како боровинките. Во скорешна студија, истражувачите откриле дека здрави постари лица (од 65-77 год.) кои пиеле 30 милилитри концентриран сок од боровинки (еквивалент на 230 грама од плодот), имале значително подобрување на мозочната активност, крвотокот, па дури и меморијата, во однос на плацебо групата. Флавоноидите се важен фактор кој ги предизвикува овие ефекти, кои можат да го намалат ризикот од деменција.

2) Ги редуцира ефектите од Алцхајмеровата болест

Алцхајмеровата болест е форма на деменција која ги зафаќа деловите од мозокот кои ги контролираат мислите, меморијата и јазикот. Студија од 2019-та покажала дека боровинката може да се користи како ефективен третман кај пациентите кои веќе ги покажуваат симптомите на оваа болест. Резултатите биле слични како кај деменцијата – пациентите кои внесувале прашок од боровинки во исхраната еднаш дневно во период од 16 недели покажале подобрување на меморијата и подобрен пристап до зборови.

3) Го подобрува создавање на мозочни клетки

Според студија од 2002-ра, додавање на боровинки во исхраната го зголемува создавањето на нови мозочни клетки во хипокампусот – мозочниот регион одговорен за меморијата.

4) Го подобрува менталното здравје

Студија од 2019-та покажала дека боровинката помага при редуцирање на генетските и биохемиските причини кои стојат зад депресијата и самоубиствените нагони поврзани со PTSD (пост-трауматското стресно пореметување).

За да истражат кои биолошки фактори придонесуваат за PTSD и неговите ефекти, истражувачите развиле метод кој кај глувците предизвикува ефекти слични на него, како што било предизвикување страв наместо љубопитност кога пред нив бил претставен непознат објект, а по ова следело набљудување како исхрана богата со боровинки влијае на некои од овие фактори. Било забележано дека некои од глувците со PTSD кои се хранеле со боровинки имале намалување на нивото на SKA2 – ген кој во абнормално мали нивоа се јавува во крвта, хипокампусот и предфронталниот кортекс кај луѓето кои извршиле самоубиство.

Откритието сугерирало дека боровинките може да имаат ефект на експресијата на овој ген, како и дека го зголемуваат нивото на серотонин во мозокот, што помага за намалување на депресијата кај луѓето со PTSD.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби