|
|
|
10 овошја кои го враќаат сјајот на кожатаСите знаеме дека консумирањето на овошје и зеленчук е мошне здраво како за нашето здравје, така и за изгледот на нашата кожа. Но, дали знаевте дека определени типови на овошја имаат поголем ефект врз кожата од други?

1.Боровинки – можеби се малечки, но во суштина имаат голема нутритивна вредност. Тие се одличен извор на антиоксиданси, а освен тоа се богати со влакна и витамини А и C, кои делуваат позитивно врз кожата.
2.Јаболка - јаболката не се супер храна, но и покрај тоа делуваат благотворно врз кожата. Изберете што поцрвени бидејќи имаат поголемо количество на колаген што ја зголемува еластичноста.
3.Лубеница – летото не може да помине без лубеница и тоа е супер бидејќи истата е 90 проценти вода. Тоа значи дека освен тоа што е вкусна ја хидратизира кожата од внатре.
4.Банани – тие се еден од најдобрите извори на калиум, кој пак е мошне важен за одржување на влажноста на кожата. Ако имате сува кожа јадете што повеќе банани.
5.Ананас – во многу култури ананасот се користи во медицински цел затоа што содржи ензим наречен бромелаин. Истиот го намалува воспалението и отекувањето на кожата.
6.Јагоди – кој може да одолее на чинија јагоди? Колку повеќе јагоди јадете, толку повеќе кожата ќе ви биде благодарна. Тие содржат елагинска киселина што ги намалува брчките и штити од УВ зраците.
7.Папаја – папајата е преполна со витамин А и со ензим папаин што помага во разложување на неактивните протеини и ослободување на мртвите клетки на кожата.
8.Киви – тие се најдобриот извор на витамин C. Затоа ако сакате убава и блескава кожа потрудете се ова овошје што почесто да се наоѓа на вашата трпеза.
9.Калинки – исто како и боровинките, така и калинките се вбројуваат во таканаречената супер храна. Содржат моќни состојки против стареење кои ја стимулираат регенерацијата на кожата.
10.Цреши – имаат висока концентрација на антиоксиданси за разлика од многу други овошја. Помагаат во справувањето со слободните радикали и го успоруваат процесот на стареење.
|
|
|
|
 |
|
 |
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
Powered by MagnumPRO |
|
 |
Виц на денот |
|
-Зошто плавуша носи наочари на стомак? -Има слепо црево. |
|
|
 |
Состојба на патиштата |
|
|
|
 |
Верски календар |
|
|
|
 |
На денешен ден |
|
1535.- Во Тауер Грин е погубен Томас Мор,...
1885.- Францускиот научник Луј Пастер за првпат...
1893.- Умре Ги де Мопасан, француски писател,...
1971.- Во Њујорк умре Луј Амстронг, познат под...
|
|
|
 |
Хороскоп |
|
|
 |
|