Британско истражување дојде до застрашувачко откритие. Повеќето луѓе кои за појадок јадат житарки, всушност внесуваат голема количина на шеќери во телото. Продавниците на своите полици нудат шарени кутии во кои се наоѓа совршениот појадок, составен од здрава пченка, пченица и зоб, сето тоа со додадени витамини и минерали кои се од суштинско значење за нашето тело.

Студијата, која вклучувала 50 видови на житарици за појадок, покажува дека ние всушност внесуваме повеќе од 15 отсто шеќер, што според Агенцијата за стандарди на храната претставува исто како да сме појадувале чоколадни бисквити.
Дебелина, болести на срцето, рак на црниот дроб... сето ова е последица на консумирање на големи количини на шеќер, што доведува до дури 35 милиони смртни случаи годишно во светот.

Житариците се производ на економската индустрија. Евтините состојки, како оризот и пченката, минуваат низ едноставен процес на производство преку кој исчезнуваат многу хранливи вредности, па така за нашиот појадок да биде вкусен, во процесот на производство шеќерот игра голема улога.
Затоа, избегнувајте ги „примамливите“ житарици кои се нудат низ продавниците, кои доаѓаат во разни форми и со разни вкусови и задржете се на оние кои што се подложени на најмала индустриска преработка и кои немаат адитиви.