Јадете поздраво, повкусно, пораскошно - четириесет и први дел

Најмоќната житарка е супер храна

Елдата содржи многу микроелементи кои благотовроно делуваат против хипертензија, ревматизам, глауком,дијабет како и кај лежење од болести што настануваат како последица на зголемена радијација.

Елдата спаѓа во тревнати растенија чиј плод и семе, поради својот биохемиски состав и хранливи вредности, многу е ценета во човечката исхрана. Ова растение е извонредно лековито средство за многу болести на современото време. Зрното на елдата е многу богато со хранливи состојки, минерални соли и витамини. Најбогата е со јаглени хидрати (72,9%), белковинаи (11,7%) и растително масло (2,4%). Според витаминскиот состав зрното на елда слично е на останатите житарки и ги содржи скоро сите витамини од Б групата и значителни количини нијацин.

Од минералните состојки содржи калиум, фосфор, калциум, а не се мали ниту количините на магнезиум, натриум и железо. Елдата содржи и микроелементи како што се јод, цинк, бром, потоа органски киселини и рутин (од групата на витаминот П) кои благотворно делуваат проитв хипертензија (зголемен крвен притисок), ревматизам, глауком, дијабете и болести што настануваат како последица на зглемена радијација. Инаку, елдата по прехрамбени вредности, многу повеќе ја ценат од оризот.

Елдата е идеален производ за лица со нарушено варење, за деца и постари, особено во комбинација со ориз и останати житарки, а од неа се прави каша,погача или палачинки.

Елдата содржи флуор, неопходен за нашите заби и витамин П кој благотворно делува на кардиоваскуларниот систем и нервните ќелии. Од сите житарки за чија вредност во исхраната многу се зборува, за ревматичарите и артритичарите најважна е елдата. Кашата од елда што се подготвува на вообичаен начин, како и производите од нејзиното брашно, секој ревматичар треба да ги внесе во своето мени.

Ова растенија се користи и во алтернативната и во официјалната медицина бидејќи содржи рутин и аскорутин, супстанци што делуваат превентивно и лековито кај многу заболувања - од заразни преку атеросклероза до артритис. Елдата ја зголемува отпоноста на капиларите и влијае на нивната пропустливост, па со тоа го намалува крвниот притисок. Рутин е компонента која го засилува делувањето на витаминот Ц. Елдата помага во лекување на пролив, глисти, зе користи против непријатен здив од устата, кожни болести и красти. За тие намени се јаде каша од елда, која се вари многу долго а притоа елдата треба да биде свежа, чиста и смелена. Елдината каша која е многу хранлива и лековита, може да се зачини со путер или магдонос, црн пипер и лук.

За надворешна употреба се користи елдино брашно за варење каша со која се обложуваат болните места. Лушпите на елда се надворешен омот на зрното на ова растение. Под притисок не се собираат и така и овозможуваат на кичмата идеална положба во текот на спиењето, затоа од елда с еправат многу кавлитетни перници.


Чорба од елда за намалување на притисокот

Се вари една шолја елда додека не омекне. На две-три минути пред крај на варењето се додава сечкана пиперка, домат, кромид и изрендан морков.



Елда со печурки

Се динста малку кромид на масло со помала количина печурки, се додека печурките не омекнат. Се додава малку сува, блага, црвена пиперка, се додава и вода во однос колку елда два пати повеќе вода. Се вари 30 минути и се сервира самостојно или како прилог.

Каша од елда

Елдиното брашно одвечер треба да се прелие зо зовриена вода и се остава преку ноќ во покриен сад. Утредента кашата е готова за јадење. Овој лек е добар против болести на желудникот и цревата, а помага и во лекување на слабокрвност и дебелина.

Крем супа од елда

За ова јадење потребно е половина чаша елда,половина литар вода, две лажички мед, млеко и малку сол. Елдата треба да се натопи на набабри, се цеди и се вари во половина литар вода. Се вари извесно време на тивко со повремено мешање. Кога елдата ќе омекне, се трга од оган, се посолува и се додава мед. Се служи со млеко или павлака. Вака подготвената елда е извонреден закрепнувачки појадок.

Леб со елда

- 1 кгр. елдино брашно

- 2 кгр. пченично брашно

- 1 л млеко

- 40 гр. квасец

- 1 лажица маст

- 60 гр. сол

Во зовриено млеко се става брашното од елда и добро се меша за да не се направат грутчиња. Се остава да се излади. За тоа време направете тесто од пченично брашно, сол, 1 л млака вода, маснотијата и надојдениот квасец и се остава на топло да ”стаса”. По половина час се мешаат двете теста, добро се измесува и се остава да се “одмора” 15 минути. Тестото повторно се меси, се прават неколку лебови, се ставаат во намачкани плехови да се “одморат” уште десеттина минути па се печат во рерна на 220 степени.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби