Божиќна трпеза: Боемска торта

Откако помина новогодишната прослава, полека се подготвуваме за бадниковата и божиќната трпеза. Ако првата е посна и претежно вниманието ни е насочено кон бадниковото лепче со паричка, тогаш втората трпеза е онаа на која има од се по нешто.

Овој пат се решивме да ви претставиме нешто вкусно и благо.

Потребни состјки:

За кората

  • 5 белки
  • 120 гр шеќер
  • 150 гр печени мелени лешници или ореви
  • 15 гр (1 лажица) какао

За прв фил:

  • 1/2 л млеко
  • 150 гр шеќер + 3 кесички ванилин шеќер
  • 10 жолчки
  • 3 лажици брашно

За втор фил

  • 5 жолчки
  • 3 јајца
  • 250 гр шеќер во прав
  • 100 гр чоколадо
  • 250 гр путер на собна температура

Подготовка:

Испечете пандишпани од по 5 белки, 120 грама шеќер, една лажица какао и 150 грама ореви. Оладете и филувајте ги сите три кори.

ПРВ ФИЛ: Изматете 10 жолчки со 150 грама шеќер, 3 лажици брашно, две кесички ванилин шеќер, сварете во 1/2 литар млеко и оладете.

ВТОР ФИЛ: Изматете 3 цели јајца со пет жолчки и тоа варете го на пареа . Додадете 3 ребра растопена чоколада и варете додека не згусне.Посебно изматете 250 грама путер со 250 грама шеќер во прав и соединете со вториот фил. Филувајте наизменично, прво со жолт, потоа со темен. И горниот слој, прво со жолт, а потоа со темен.

Пријатен апетит!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот


Некој скитник кој бил многу гладен застанал на прозорот од некој ресторан и гледал како другите јадат, а лиги почнале да му течат. Гледајќи така забележува човек со чорба...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1847.- По низа победи во...
1924.- Во познатите септемвриски горно-џумајски...
1977.- Во Хемшајр, во Англија умре Леополд...
1982.- На приодот на Монте Карло, во Франција во...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби