13 забранети работи во микробранова печка

Сите кои имаат микробранова печка знаат колку е овој апарат практичен, па откако сте се навикнале на неговата употреба, не можете да си ја замислите кујната без него, како и подготвувањето и погревањето на многу намирници.



Сепак, постојат одредени правила за употребата на микробрановата печка, во однос на она што е препорачливо да подгревате во неа, а што не смеете. За одредените видови храна кои не смеете да ги топлите веќе имаме зборувано, а сега листата ја надополнуваме и со одредени работи од поинаков вид.

Еве ја листата на работи кои не смеете да ги топлите во микробрановата печка:

- Алуминиумската фолија може да предизвика пожар, затоа што од неа се одбиваат микробрановите. Истото се однесува и на садовите со шари и украси со рефлексна површина (златна или метална боја). Погледнете го несаканиот ефект во видеото.

- Термоси од нерѓосувачки челик. Топлината ќе биде блокирана од загревање на течноста, а тоа може да ја уништи вашата печка.

- Металните или пластични рачки на кутиите за храна можат да предизвикаат пожар.

- Пластични садови. Никако не се препорачува да се подгрева храната во пластика бидејќи хемикалиите кои ги содржи пластиката може да завршат во вашата храна.

- Садовите за храна за носење од стиропор. Стиропорот е вид на пластика.

- Сувото грозје испушта чад додека се подгрева.

- Свежото грозје може да се запали и да предизвика пожар.

- Пластични кеси. Тие се негихиенски, може да испуштаат токсични материи и да предизвикаат пожар.

- Хартиени кеси за пазарување. Тие се опасни како и пластичните.

- Јајца со лушпа исто така не треба да ги подгревате во микробрановата. Наглата топлина од печката предизвикува создавање на притисок, кој може да резултира со експлозија. Погледнете во видеото.

- Суви лути пиперчиња. Хемикалиите кои ќе се испуштат од нив ќе ви ги надразнат очите и ќе ви го изгорат грлото.

- Сосот без капак може да направи вистински неред. Поклопете го садот со тацна за внатрешноста на не прска на сите страни кога ќе почне да врие.

- Ништо. Никако не смеете да ја пуштате микробрановата да работи празна. Недостатокот на молекули на вода, кои инаку ги апсорбираат микробрановите, ќе предизвика оштетување на печката.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби