Намирници кои никако не смеете да ги ставате во микробранова печка

Иако фактот дека микробрановата печка ни го олеснува секојдневието е неоспорен, експертите предупредуваат дека постојат одредени работи кои никако не смеете да ги загревате во оваа направа.



Еве кои се тие:

Мајчино млеко

Новороденчињата од мајчиното млеко ги добиваат клучните материи кои се борат со бактериите. Во едно истражување, откриено е дека мајчиното млеко, за време на загревање во микробранова печка, го зголемува растот на бактеријата ешерихија коли и тоа 18 пати повеќе отколку во млекото кое се загревало надвор од микробрановата.

И млекото кое се греело во микробранова печка на пониски температури имало намалена количина на изоензими и исто така, поттикнало размножување на опасни бактерии.

Брокули

Брокулите се загреваат многу брзо, па не е ни чудо што често се користи микробрановата печка за нивна подготовка. Но, секој облик на готвење на зеленчукот убива одредена количина нутриенти кои се наоѓаат во него. Готвењето на пареа е најдобро, иако и тогаш се губат околу 11 проценти антиоксиданси од брокулата. Меѓутоа, варењето на брокулата во микробранова со малку вода уништува и до 97 проценти од антиоксидансите.



Замрзнато месо

Некои микробранови печки се ротираат, а некои не, што може да доведе до нерамномерно готвење на храната. Замрзнатото месо е многу тешко да се одмрзне во микробрановата печка бидејќи му е потребно доста време, а често се случува краевите да станат кафеави, а средината да остане замрзната.

Исто така, доколку месото веднаш не се приготви по одмрзнувањето, ризикувате во него да се размножат бактерии. Јапонските истражувачи утврдиле дека доколку месото се приготвува повеќе од 6 минути во микробранова, губи голема количина на витамин Б12.

Најдобро е да го оставите местото да се одмрзне во фрижидер во текот на ноќта.

Пластични садови

Држете ја пластиката подалеку од микробрановата печка. Кога греете храна во пластика, таа испушта токсични хемикалии право во вашата храна, а тоа може да биде канцерогено. Хемикалиите кои може да се испуштат од пластиката исто така се однесуваат и на пластичните шишиња во кои се загрева мајчиното млеко. Затоа, бидете внимателни со тоа што ставате во микробрановата печка!

Замрзнато овошје

Купувањето замрзнато овошје не е толку лошо колку што изгледа, бидејќи истото се замрзнува кога е зрело и свежо набрано, па на тој начин се задржуваат сите нутриенти во него. Овошјето почнува да ги губи своите својства кога ќе се набере, па затоа замрзнатото овошје може да има повеќе витамини и антиоксиданси во себе од она свежо набраното, бидејќи истото обично стои во магацините подолго време.


Руските научници на крајот од седумдесетите години откриле дека со одмрзнуваме на овошјето во микробранова печка, глукозидот и галактозата се претвораат во канцерогени супстанци.

Затоа, замрзнатото овошје најдобро е да го одмрзнувате на собна температура.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Разговараат двајца пријатели:
- Пази што се случи, жена ми додека беше трудна ја читаше "Тројцата мускетари" и кога се породи завчера ми роди тројка.
- Ај ја фаќам магла, мојана...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Ден на пожарникарството во Република...
1498.- Португалскиот морепловец Васко де Гама...
1506.- Умре шпанскиот морепловец од италијанско...
1799.- Во Тур е роден францускиот писател Оноре...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби