МОДАТА НА EMMY НАГРАДИТЕ

Дефиле на едноставни тоалети прикриени со светкави детали

Лос Анџелес синоќа заблеска во сјајот на познатите, со оглед на тоа дека се одржаа 67-мите Emmy награди. Познатите дами гордо зачекорија на црвениот тепих, а речиси сите поканети гости се надеваа на награди. Сепак, оваа година сериите „Olive Kitteridge“ и „Game of Thrones“, собраа повеќе статуетки.



Што се однесува до црвениот тепих, оваа година преовладуваа светликавите, но едноставни модели. Сепак, немаше некоја одредена боја во која можеше да ги видиме повеќето дами. Овој пат сите се одлучиле за она што убаво им прилега, па речиси и да немаше утки.

Софија Вергара, Кери Вашингтон и Кристина Хендрикс избраа впечатливи модели со златен и метален сјај.



Дизајнерската куќа St. John сосема добро ја скоцкала 43-годишната Софија, која е доволно да се појави со нејзиниот згоден сопруг, Џо Манганиело и парот да изгледа неодоливо.



За разлика од нив, Хајди Клум заблеска во многу интересен дизајн во нежно жолта боја, со потпис на Versace. Со оваа тоалета, Хајди целосно се истакна од мноштвото прекрасни жени кои дефилираа во Лос Анџелес.



Она што беше впечатливо, е дека многу дами се одлучија за еднобојни тоалети. Па така Џенуари Џонс носеше едноделен комбинезон во зелена боја, Самира Вајли циклама тоалета, додека Лејди Гага си ја задржа класичната и елегантна црна боја.



За црната боја се одлучија и Аманда Пет, Џејми Ли Куртис и Хенсон.



Меѓу нив спаѓа и Ребека Ритенхаус, која буквално заблеска со својата поразлична тоалета.



Во интересни и несекојдневни модели се појавија Ана Члумски и Ејми Ландрекер, чии фустани изгледаа неверојатно, а цветните дезени кои најверојатно биле рачно изработени, беа главната нота.



Актерката од „Game of Thrones“, Лена Хедеј носеше бордо тоалета со едноставен, но дизајн кој мошне добро и прилегаше на нејзината фигура. Тетоважите на грбот дополнително се совпаѓаа со целокупниот изглед.



Кога сме кај добрите силуети, 45-годишната Падма докажа дека годините ништо не и можат. Таа се појави во златна тоалета со потпис на Ромона Кевеза, која изгледаше како да е скроена за нејзиното витко тело.



За похрабри тоалети се одлучиле Џулијан Хју која имаше некој готски акцент, додека Кристин Марзано прекрасно го истакна своето тело во тегет тоалета со геометриски форми.



Трејси Едмондс беше прекриена во скапоцени камења кои ја разбиваа монотонијата на белата долга тоалета, додека едноставниот дезен на тоалетата на Обри Плаза беше полн погодок.



Комедијантот Трејси Морган се појави на црвениот тепих со неговата сопруга Меган Воловер и ќерка му Мејвен Сонај Морган, која целосно го украде вниманието со нејзината фаца.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби