ПРОДОЛЖУВА САПУНСКАТА ОПЕРА НА НАТЕПАНАТА ТВ ВОДИТЕЛКА:ЈУЛИЈА СРЕБРЕНОВА, ЗА КОЈА РАКИЧЕВИЌ ТВРДИ ДЕКА НЕ ЈА ПОЗНАВА ОТКРИВА

Мелита ми играше на свадба

"Не сум непозната жена туку жена што Мелита ја знае 20 години. Додека се забавував со мојот сопруг, таа се забавуваше со негов другар. Дружбата престана кога таа раскина со другарот на маж ми. Во меѓувреме, не знам што се случувало во нејзиниот живот, ама знам за мојот. Бевме семејство со двајца синови, со свој бизнис и со проблеми во бракот, какви што ги имаат сите денешни бракови". Ова го вели Јулија Сребренова, сопственичка на салон за убавина во Скопје, која ја обвинува ТВ - водителката Мелита Ракичевиќ дека е во врска со нејзиниот сопруг.

По настанот минатата среда вечер, водителката Ракичевиќ првин изјави дека некоја непозната жена ја нападнала поради нејзината популарност, а потоа се премисли и кажа оти ја познава "онака, од градот". Полицијата потврди дека имало инцидент со физички напад. Инцидентот се случил во зграда која не е дом ниту на Ракичевиќ ниту на Сребренова. Револтирана од, како што вели, лагите на Мелита, Јулија реши јавно да и ја освежи меморијата.

"Во брак сум 16 години и, како и во секој, имало убави моменти, но и кризи. Пред повеќе од една година сфатив дека постои жена што ми се меша во бракот. Од пораките од анонимни броеви сфатив дека е некоја која намерно решила побрзо да се дознае за тајната врска. Прво мислев дека е тинејџерка, која нема деца и на која баш и е гајле што значи да се има деца. Добивав дојавки од типот 'Сигурна ли си кај е маж ти', 'Он те изневерува', 'Кучко, истепана ли си" и разни вулгарности, и тогаш ми почнаа сериозни проблеми во бракот", објаснува таа и додава:

"Другарки на Мелита ми викаа: 'Леле, маци, па ти си била избркана од дома'. Јас се чудев кој ги пушта муабетите, а тие биле смислени. Да се дознае побрзо, и побрзо да ми влезе во домот. Но морам да ја разочарам дека јас не создавав за да ме избрка таа тукутака и мене и децата, а таа да ужива", вели револтирано Јулија.

Сребренова вели дека до пред извесно време не знаела која е, но од непознат мобилен и се јавил преправен женски глас, за која Јулија се сомнева дека била таа. И кажала: "Не мачи се повеќе, швалерката на маж ти се вика Мелита" и и кажала во кои станови се гледале.

"Затоа решив да ја следам. Додека маж ми ме малтретираше, навистина мислев станува збор за жена која не е мајка. Не верував дека таа како мајка не помислила на тој момент, па што и да прави надвор од бракот. Затоа во средата, кога ги ловевме во станот, го зедов син ми, го викнав маж и, кој не ми веруваше дека е така, па да се увери. А подоцна дојде и брат и. Полицијата ја викнале тие, за да не тргнат мене и син ми, за да може 'совесниот' татко да се симне. Некои од полицајците се качија во станот и подоцна ми кажаа дека нема да се симне ако треба и пет дена, оти му било незгодно од син му. Отидовме во полиција сите да дадеме изјава. Потоа дознав и за лажната тепачка, за изјавите на лажни сведоци, за промена на првичните искази, за лажни лекарски уверенија...", вели таа.

Јулија тврди дека за доброто на нејзините деца ќе се бори докрај.

"Никој нема тукутака лесно да ми седне во становите и во куќите во и надвор од Скопје, зашто знам за овие години како сме ги спечалиле. И порачувам нека си бара друг спонзор. Не сум луда, како што сака да ме претстави. Само тешко дека ќе се усреќи на штета на моите деца".

Мелита Ракичевиќ вчера не беше достапна за коментар на обвинувањата на Јулија

Мелита натепана поради швалерај?



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Женска логика

Патувам со градски.
Преполн е и баш не ми се турка до апаратот за да ја поништам картата.
Ќе ја замолам жената пред мене да ја поништи.
Како да и се обратам,...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
330.- Константинопол (сегашен Истанбул) стана...
1896.- Во Чаковец е роден Јосип Славенски,...
1904.- Во Фигерас е роден е Салвадор Дали,...
1916.- Умре Макс Регер, германски композитор на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби