ИНЦИДЕНТ СО ПОЗНАТАТА ТЕЛЕВИЗИСКА ВОДИТЕЛКАТА

Мелита натепана поради швалерај?

Познатата телевизиска водителка Мелита Ракочевиќ завчера вечерта била претепана во влез во една зграда во скопската населба Ново Лисчиче. Таа има видливо црвенило на лицето и гребаница на челото.

Полицијата потврди дека имало инцидент во кој физички било нападнато лицето М.Р. (36).

Мелита била нападната во зграда на булеварот "Видое Смилевски- Бато". Осомничена за нападот е скопјанката Ј.С. (38) , сопственичка на студио за убавина.

Адресата на зградата не е дом ниту на едната, ниту на другата.

Настанот се случил околу 18.30 часот, кога Ј.С. ја пресретнала водителката пред лифтот на приземјето. Мелита била влечена за коса и удирана по лицето.

Мелита ни ја потврди тепачката. Таа вели дека се се случило за миг и не знае зошто била нападната.

-Да, точно е дека завчера вечерта ме нападна Јулија. Јас излегував од една зграда, таа ми се појави пред лифтот и физички ми нападна. Во прв момент немав време да изреагирам, се чудев што се случува. Се случи хаос. Не знам колку траеше сето тоа зашто бев шок. Во еден момент јас излетав од влезот и дојдов до кола за да викнам полиција, но видов дека ми ги нема клучевите и мобилниот. После од другиот мобилен свртев на полиција и таа веднаш дојде. Ја пријавив за физички напад и ја приведоа. Мене ми ги констатираа повредите, а извадив лекарско и сега и приватно ќе ја тужам."

Мелита вели дека Јулија подолго време и праќала заканувачки пораки. "За жал јас не ги сфаќав сериозно", вели познатата водителка.

Таа се чуди зошто била нападната. "Може ме заменила со некоја друга жена", вели Мелита и додава: "Ова ми се случува во еден од потешките периоди кога подготвувам големо телевизиско вечерно шоу".

"Премногу сум лута што воопшто сум инволвирана во ваква случка и што ми е доведен угледот во прашање. Се прашувам кој стои во заднината на сето ова", ни рече водителката.

Сосема поинаку настанот го објаснува сопственичката на салонот, Јулија Сребриева. Таа потврдува дека имало инцидент меѓу нив двете , но дека таа не ја нападнала Мелита, туку само ја фатила за рака.

"Таа не е нападната, ниту, пак, тепана. Јас не ја тепав, а модринките што ги има многу добро знае од кого и се. Знае дека не и се од мене. Ја фатив за рака, по што таа се обиде да се нафрли врз мене. Знае таа многу добро дека ако јас сакав да ја истепам , тоа би се случило на друго место, а не пред таа зграда и не пред нејзиниот сопруг и пред брат и", вели Јулија.

Таа додава: "Причина за сето ова што се случи е прељуба. Мојата цел беше да докажам дека таа ми се меша во бракот, за да престане веќе еднаш со тоа. А и да докажам дека јас не сум очајна домаќинка, туку само мајка и сопруга која сака да си ги заштити децата и бракот", ни рече Јулија.

ТВ водителката пред неколку месеци изјави дека си ги осигурила нозете, оти и се многу убави. За среќа во овој инцидент нозете не и настрадале.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби