Микропаузи на работа: Пет минути што го спасуваат твојот грб и здрав разум

Телото седи, мозокот вика „ПАУЗА!“

Седиш. Гледаш во екранот. Прсти тапкаат. Вратот започнува да боли. Очите? Суви како чипс. А фокусот....тој веќе одамна излегол на пауза без да ти каже. Да, зборуваме за оние моменти на работа кога и самиот Google веќе не знае што бараш. Добредојде во царството на „микропаузите“ – тие пет (понекогаш и две) магични минути што му велат на мозокот: „Земи здив, човеку, не си робот!“

Не ти треба викенд – ти треба пауза од 300 секунди



Мислиш дека мораш да чекаш одмор или ручек за да здивнеш? Микропаузите не се луксуз, туку тајна супермоќ. Пет минути секој час, не повеќе, можат да ти ја вратат концентрацијата, да ти го размрдаатт вратот и да те потсетат дека имаш нозе. А, најдобриот дел? Никој не мора да знае. Не ти треба дозвола, не ти треба посебна просторија, само волја да станеш, да трепнеш и можеби да направиш смешна вежба во ходникот или тоалетот.

Раздвижи го скелетот

Прво правило на микропаузата:Не седи! Станување од столот е буквално најдобрата услуга што можеш да му ја направиш на телото. Направи неколку чекори до прозорецот, замисли дека си на сцена додека се протегаш или, ако си храбар, пушти си една весела песна и дозволи си 30 секунди благо движење. Да, дури и само со рамената. Не само што ќе го раздвижиш грбот, туку и ќе му дадеш сигнал на мозокот дека животот не е само Zoom состаноци и Excel табели.

Пауза за очите: Гледај во далечината

Твоите очи не се направени да гледаат екран 8 часа дневно дури ни оние со сина светлина. Затоа, секој час, сврти го погледот кон некоја далечна точка. Може да е дрвото надвор, небото или нешто сосема друго. Дишеш длабоко, трепкаш и замислуваш како ти стигнува пензијата. Шега на страна, оваа проста техника ја одмора ретината и те враќа во моментот.

Пауза за душата: Погледни, вдиши, насмевни се

Микропаузата не е само за тело и очи. Таа е и за тебе. Пет минути за внатрешна проверка: „Како сум сега?“ Ако си напнат, издиши силно. Ако си тажен, пушти си нешто смешно. Човек што се смее додека работи е човек што ја преживува модерната работна ера со стил. И не, тоа не е губење време, туку одржување на здрав разум.

Микропаузите се мали, но прават чуда

Не ти треба нов мебел, нова плата или медитација на Тибет. Ти требаат само неколку кратки, но свесни моменти дневно во кои ќе кажеш: „Сега правам пауза. Микропаузите не се само спас за грбот, туку и за концентрацијата, расположението и не заборавај, хуморот. А со малку хумор и еден-два стресни чекори во место, ќе видиш дека денот не изгледа така страшно.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1723.- Роден е сер Џошуа Рејнолдс, англиски...
1872.- Роден е Раул Амундсен, норвешки поларен...
1885.- Воспоставена е британска колонијална...
1940.- Адолф Хитлер ја издаде директивата...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби