Сѐ на мјут - освен јас!: Излезе втората епизода од втората сезона на dm поткастот „Женски ритам“

Многу често посветуваме внимание кон стандардите на убавина кои најчесто се погласни од нас самите и забораваме на нашата природна и внатрешна убавина. Често перцепциите и критериумите во општеството го надгласуваат нашиот внатрешен глас и доминираат во нашиот внатрешен свет, наместо да биде спротивно – да ставиме сѐ на мјут и да се слушаме себе си.



Во втората епизода од новата сезона на dm поткастот „Женски ритам“ насочен кон информирање за женското здравје, се прашуваме колку е тенка границата меѓу грижата за себе и грижата да се исполни сликата од нереалните стандарди за убавина? Преку отворена дискусија и без предрасуди ќе слушнете од гостинките Татјана Алексиќ, професорка во гимназијата „Раде Јовчевски - Корчагин“ и Тиана Ивановска психолог и Гешталт психотерапевт и основачка на „Себесложувалка“, малку повеќе околу општествениот притисок и нереалните стандарди за убавина, но и совети како да не потпаѓате лесно под надворешни влијанија и очекувања.



Гостинките даваат и свој осврт кон “култот на младоста” и зошто општеството толку jа слави младоста во спротивност од стареењето. Споделуваат и совети за како да ја зацврстите вашата самодоверба без разлика дали сте млади тинејџерки или жени во повозрасна доба. Важно е да изградите вистинска љубов кон самите себе, без да се грижите за наталожените предрасуди и притисоци за достигнување на нереални стандарди за убавина.

Следете ги активно социјалните мрежи на dm за информации и новости поврзани со dm поткастот “Женски ритам” на тема женско здравје, бидејќи наскоро следува и третата епизода која ќе опфати нови теми и женски содржини.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1453.- Во битката кај Кастиона Французите ги...
1762.- Убиен е рускиот цар од германско потекло...
1790.- Во Единбург умре Адам Смит, најпознат...
1821.- Шпанија се откажа од Флорида во корист на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби