Тешките луѓе се како дожд во април, непредвидливи, но речиси загарантирани.
Можеби тоа е колешката што секогаш има нешто пасивно-агресивно да каже или пак братучедот што секогаш знае сè. Или, зошто да не, можеби е некој кој го гледаш секој ден во огледало.

Можеме да се шегуваме, колку што сакаме, но вистината е дека не можеме секогаш да ги избегнеме овие луѓе. Добрата страна е што можеме да избереме како ќе реагираме и тука е клучот на нашата сила.
1. Прво правило: Не ја сфаќај личната драма лично
Тешките луѓе често проектираат свои фрустрации, стравови и болки. Тоа што некој ти одговара остро, не значи дека ти си проблемот. Тоа значи дека тие имаат свој неред. Не го чисти нивниот хаос со твоја енергија.
Практичен трик: Кога некој реагира „тешко“, во себе повторете „Ова не е мое. Ова е нивно.“ Звучи едноставно, но оваа мисла е заштитен штит.
2.Второ правило: Постави граници со насмевка
Тешките луѓе сакаат да те вовлечат во нивниот филм. Одбери дали ќе бидеш статист или режисер на оваа сцена?
Пример: „Разбирам дека имаш поинакво мислење, ама би сакал/а да зборуваме без навреди.“ или „Сакам да те сослушам, ама сега ми треба малку простор. Ќе се вратиме на ова подоцна.“
Границите не мора да звучат грубо, туку јасно и смирено. И се поставуваат пред да експлодираш, не после.
3.Трето правило: Не се натпреварувај со егото
Кога некој мора да биде во право, а ти сакаш да си во мир, не се тркај. Понекогаш најголема победа е да не одговориш.
Златно правило: Не мораш да победиш во дискусија за да победиш ситуација.
4.Четврто правило: Направи “емоционален пресврт”
Запрашај се:
„Што и треба на оваа личност, а не го добива?“
„Како можам да реагирам зрело, а не инстинктивно?“
„Што ќе ми донесе мир, а не само моментално олеснување?“
Тешките луѓе честопати имаат чувство дека никој не ги слуша и не ги гледа или постојано во борбен режим. Кога ќе реагираш од љубопитност, не од осуда, ја менуваш целата динамика.
5.Петто правило: Грижи се за себе пред да се грижиш за нив
Емоционално исцрпување не е медал. Ако секојдневно се справуваш со критика, обвинувања или манипулации, повлечи се, одмори и заштити се.
Направи си ритуал за „ресетирање“:
Дишење 3–3–3: вдиши 3 секунди, задржи 3, издиши 3.
Звучник + песна што те тера да се смееш (или да си кажеш: Јас сум океј, дури и кога другите не се.)
Не мораш да ги менуваш луѓето, менувај го пристапот
Справувањето со тешки луѓе не значи да бидеш совршен. Туку да бидеш свесен, присутен и флексибилен. Понекогаш ќе успееш да останеш смирен, понекогаш нема. И тоа е океј. Важно е да се вратиш на себе. Можеш да бидеш добар човек и сè уште да не дозволиш некој да ти ја цица енергијата.