Многу луѓе, особено жени, се соочуваат со проблемот на опуштена кожа или насобрано сало во пределот на надлактиците. Тоа најчесто се јавува поради неактивност, лоша исхрана или природно складирање на маснотии во овој дел од телото.
Иако 2 недели се краток период, со правилна комбинација на вежби, исхрана и нега, можеш да ги затегнеш рацете и да започнеш со видливи резултати. Еве како:
1. Вежби за затегнување на рацете

За најдобри резултати, практикувај 20-30 минути физичка активност дневно. Не се потребни тегови бидејќи тежината на сопственото тело е доволна.
Вежби без зголемување на мускулна маса
1.Седни на стабилен стол, постави ги рацете покрај колковите, потоа лизнувај се надолу со телото, поддржувајќи се на дланките. Спушти се и подигни се 10-15 пати.
2.Испружи ги рацете настрана и прави мали кружни движења 30 секунди во една насока, па 30 во спротивната.
3. Застани пред ѕид. Стој исправено, околу еден чекор (или 50-60 cm) оддалеченост од ѕидот. Постави ги дланките на ѕидот, така што рацете треба да ти бидат во висина на раменици, малку пошироко од нив. Спуштај се полека.
Свиткај ги лактите и приближи го градниот кош кон ѕидот. Застани кога ќе бидеш неколку сантиметри оддалеченост. Турни се наназад до почетната позиција, стегајќи ги рацете и градите. Прави 3 серии по 15 повторувања.
4.На крај од тренингот, треси ги рацете енергично 1-2 минути – ова стимулира циркулација и ги активира малите мускулни групи.
2. Исхрана за чистење маснотии
Затегнувањето на рацете не е само до вежбање бидејќи и исхраната игра голема улога.
Еве неколку совети:
- Намали го внесот на шеќери и преработена храна.
- Зголеми внес на вода – барем 2 литри дневно.
- Јади повеќе протеини (јајца, пилешко, риба, леќа) – тие помагаат во зацврстување на мускулите.
- Интегрални житарки, овошје и зеленчук – полни со влакна кои ја подобруваат дигестијата и помагаат во слабеење.
- Избегнувај вечера доцна навечер.
3. Домашна нега и масажа
Домашната нега и масажа е често занемарена, но важна алка во процесот на одржување на рацете во добра форма.
Сува четка - пред туширање, четкај ја кожата со природна четка. Тоа поттикнува лимфна дренажа и ја затегнува кожата.
Ладен туш - краток ладен туш по вежбање ја зајакнува циркулацијата и ја стега кожата.
Масажа - со кокосово масло и неколку капки етерично масло од грејпфрут или рузмарин. Секојдневна масажа од 5-10 минути го топи салото и ја подобрува еластичноста.
4. Редовност и дисциплина
Клучот е во доследноста. Овие активности нема да ти земат повеќе од 40 минути дневно, но ако ги правиш секој ден 14 дена по ред, резултатите ќе бидат видливи.