Најдобро и најлошо облечени на MTV EMA 2011

Овогодинешните MTV Европски музички награди кои се одржаа во Белфаст, на едно место ги собраа најголемите имиња од музичката сцена на денешнината.

Додека на сцената се изведуваа неверојатни перформанси, вниманието на модните критичари им беше фокусирано на изборот на ѕвездите кои се појавуваа на црвениот тепих.

НАЈДОБРО ОБЛЕЧЕНИ:

Селена Гомез

Егзотичната Селена беше беспрекорна во фустанот од Marchesa. Изгледа дека белите и кремастите фустани од чипка ќе бидат вистински хит наредното лето!

Оцена: 9/10

Хајден Панетиер

Хајден изгледаше прекрасно во свиленото Tibi фустанче, со идеална должина и стил прикладен за настан како овој. Исто така за пофалба е нејзиниот едноставен избор на модни додатоци и накит.

Оцена: 8/10


Бруно Марс

Популарниот пејач одлучил за оваа пригода да се облече во розев костим, а исто така решил и дека целата негова придружба треба да го направи истото. Вистинско задоволство е да се види машки артист како смело презема модни ризици кои не се ограничуваат само на искинати фармерки.

Оцена: 8/10

Џеси Џеј

Џеси се појави на црвениот тепих во леопардско издание од D&G. Земајќи го предвид нејзиниот стил, можеме да кажеме дека не погрешила во изборот!

Оцена: 7/10

НАЈЛОШО ОБЛЕЧЕНИ:

Кети Пери

Кети не излезе надвор од своите граници и се задржа на розевиот изглед. Нејзиното бледо розево фустанче изгледа како да е износено, а заедно со јакната со нитни, чевлите и чорапите, не сочинуваат многу добра модна комбинација.

Оцена: 5/10

Лејди Гага

Гага е позната како по нејзините многубројни награди, вклучувајќи ги и овогодинешните, така и по нејзините чудни костими. Но, овој пат нејзината креација беше бизарна конструкција на штит за лице. Всушност, не ни знаеме како воопшто да го наречеме, но доволно е тоа што ни укажа дека не ни мора да и’ го гледаме лицето.

Оцена: 4/10

Снуки и Џеј Вау

Девојките од „Jersey Shore“ изгледаа бедно и ефтино со изборот на фустани со кои, патем, и гордо ги покажаа своите тетоважи.

Оцена: 3/10

Голиот човек

Кој беше тој чудак? Излета на сцената кога Хајден објавуваше награда, а додека публиката секогаш е желна за малку повеќе разголена кожа од вообичаено, овој човек дефинитивно беше премногу храбар! Со оглед на фактот што не беше веднаш истеран од обезбедувањето, претпоставуваме дека сето тоа беше една проѕирна местенка, но Сејден сепак изгледаше прилично шокирана!

Оцена: 0/10



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби