Љубовен хороскоп за декември: Страсна врска или неминовен крај?

Последниот месец од годината за некого ќе  создаде совршен момент за започнување на нова романтична приказна, додека пак за друг ќе стави крај на проблемите кои веќе некое време се провлекуваат во врската.  Во прилог прочитајте што му предвидуваат ѕвездите на вашиот хороскопски знак и какво ќе биде љубовното расположение во декември.

Овен

Сингл: Доколку не сакате ништо сериозно, тогаш флертувањето со личноста која ви се допаѓа може да биде сосема доволно. Сепак, ако сакате да го запалите огнот кај другата страна, знајте дека ова е идеален момент за да завршите во нечии прегратки. Она што навидум изгледа како невина игра, може да заврши во интересна врска.

Во врска: Наместо да молчите, јасно и гласно кажете му на партнерот што е она што го сакате од него и воопшто од вашиот заеднички живот. Што се однесува до сексот можете да бидете и палави и мирни во исто време и повторно да го постигнете саканиот ефект кај партнерот.

Среќни денови: 2,6,8,11,31

Бик

Сингл: Време е да заборавите на бесот и на сите негативни нешта кои што ви се имаат случено во минатото. Еднаш засекогаш сфатете дека ако размислувате на она што некогаш било нема да имате можност да уживате во она што е сега. Новите авантури и новата надеж се пред вашиот праг. Искористете ги!

Во врска: Што сакате од својата врска? Дали се чувствувате помалку осамено во последно време? Декември е месец кога повеќе време ќе си посветите себе си, отколку на својот партнер. Ништо страшно, бидејќи на овој начин повторно ќе се пронајдете себе си, а воедно и  страста која што сте ја имале на почетокот на врската.

Среќни денови: 5, 13, 14, 22, 25

Близнаци

Сингл: Некој ќе успее да ви го растрепери срцето. Можеби станува збор за некоја личност која што не сте ја виделе долго време или пак за некој кој го буди детето во вас. Ако мислевте дека ова не е вистинското време за љубов, настаните за кратко ќе ви покажат дека грешите.

Во врска: Не бидете себични кога станува збор за врската. Другата страна сака да ви каже нешто, а вие упорно глумите дека не слушате. Љубовта не е секогаш мед и млеко, туку компромис на желби и дела. Обидете се да ја разберете и другата страна.

Среќни денови: 3, 6, 8, 15, 31

Рак

Сингл: Не се залетувајте по личности кои  на прв поглед изгледаат како да им е потребна вашата љубов и утеха. Не ви е потребен уште еден човек кој ќе ви ја цица емоционалната енергија и нема да ви даде ништо за возврат. Бегајте од такви.

Во врска: Декември ќе донесе будење на страста и многу жешки ноќи поминати со партнерот. По се изгледа дека конечно ќе успеете да ги разбудите оние емоции кои што сте ги имале на почетокот од врската и причината поради која што сте се вљубиле еден во друг.

Среќни денови: 4, 9, 18, 22, 25

Лав

Сингл: Не ја губете надежта, страста е пред вас. Но, може да дојде во необична форма, како состанок на слепо или пак сосема неочекувана средба. Месецов ќе ви се случуваат необични нешта, кои на крајот ќе ве одведат токму онаму каде што треба да бидете.

Во врска: Постојаните излегувања со партнерот помалку ќе ве изморат. Иако сакате да уживате во ноќниот живот, изгледа дека месецов повеќе ќе сакате да останете дома и да се милувате отколку да одите од една на друга забава. Кој знае можеби конечно сте се смириле?!

Среќни денови: 3, 6, 8, 11, 17

Девица

Сингл: Кажете да кога имате можност. Доколку цело време пребирате ќе останете со празни раце. Престанете да бидете толку сериозни и обидете се на излегувањата да гледате поспонтано со цел повеќе да уживате.

Во врска: Следи период на интензивни емоции и многу љубомора. Веднаш престанете да предизвикувате драми бидејќи на тој начин нема да ја добиете битката. Негативната енергија исфрлете преку правење на нешто корисно.

Среќни денови: 4, 22, 23, 24, 25

Вага

Сингл: Време е да избегате од рутинските излегувања и да испробате нешто ново. Личноста која што ќе ви го разубави животот можеби се наоѓа поблизу отколку што мислите, но и вие мора да се помрднете од своето место за да ја пронајдете. Прифатете го предизвикот!

Во врска: Промените кои што доаѓаат значат дека ќе треба да направите некои сериозни избори кога станува збор за вашата врска. Проблемите кои се трудевте со месеци да ги игнорирате сега ќе испливаат на површина, па нема да остане ништо друго освен да се соочите со нив.

Среќни денови: 6, 8, 17, 25, 26

Скорпија

Сингл: Вашиот шарм ќе биде неодолив за многумина, па затоа искористете го најдобро што можете. Сепак, наместо да си играте со луѓето бидете подиректни во однос на она што го сакате и храбро тргнете во освојување на нечие срце.

Во врска:  Доколку сте жена, дозволете му на мажот да биде маж и да чувствува дека има контрола врз ситуацијата во врската. Наместо само да критикувате и да му кажувате што да прави, барем еднаш воздржете се од коментар и играјте по негови правила.

Среќни денови: 1, 9, 14, 18, 25

Стрелец

Сингл: Парите не ја купуваат љубовта, но можат да олеснат многу нешта, како на пример направат да се чувствувате добро кога мислите дека имате ужасно здодевен ден. Искористете го месецов да уживате со своите пријатели, па кој знае можеби на една од тие забави ќе пронајдете некој кој одлично се вклопува во вашата шема.

Во врска: Уживајте во она што го имате со својата подобра половина бидејќи добрите врски се вистинска реткост во денешно време. Сексуалната желба овој месец е на високо ниво, па очекувајте многу жешки ноќи поминати во друштво на саканата личност.

Среќни денови: 2, 3, 6, 30, 31

Јарец

Сингл: Ако ви се случи мала кратка афера, тоа сигурно ќе биде со личност која плени со својата харизма и сексуален магнетизам. Иако вообичаено бегате од вакви луѓе, овој пат ќе се излезе дека токму тоа ви е потребно за зимската сезона.

Во врска: Помалку проблематичен месец за сите парови бидејќи додека едниот од партнерите сака да остане дома, другиот умира за вечер помината во одлично друштвово некој ноќен клуб. Потребно е да направите компромис и да ги задоволите како своите така и желбите на другата страна.

Среќни денови: 5, 18, 22, 24, 25

Водолија

Сингл: Предновогодишните забави се совршеното место за запознавање на нови луѓе, а воедно и за инстант вљубување. Овој месец постојат големи шанси да ви се допаднат повеќе личности, па да не знаете за која да се определите.

Во врска: Големите очекувања носат големи разочарувања. Можеби ја преценувате својата врска и очекувате нешта кои реално се невозможни. Се ќе биде во ред сè додека се спуштите на земја и конечно сфатите дека нештата не можат секогаш да бидат како што вие сте ги замислиле.

Среќни денови: 7, 8, 16, 20, 26

Риби

Сингл: Задржете ги емоциите за себе затоа што објективното размислување овој месец ќе ви помогне да не бидете повредени. Флертувањето ви оди од рака и најверојатно ќе го добиете она што го посакувате, сè додека тоа не е сериозна врска.

Во врска: Тимската работа е најголемиот афродизијак за овој месец.  Велат дека спојувањето на задоволството и бизнисот не е добар потег, но вашиот случај важи спротивното. Покрај себе имате личност со која што се надополнувате на повеќе полиња, па секој план или нова иницијатива ќе резултираат со успех.

Среќни денови: 1, 8, 9, 18, 19



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Марзам кога ми го вадат јазикот - вели сладоледот!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1846.- САД го анектираа Ново Мексико.
1862.- Во Сен Жермен-ан Леи е роден Клод Дебиси,...
1883.- Во Париз умре Иван Сергеевич Тургенев,...
1911.- Прочуеното дело на Леонардо да Винчи,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби