Зошто губењето на масните наслаги од стомакот треба да ни е приоритет?

Дебелиот стомак, т.е висцералните масти (оние што се складираат во внатрешноста на организмот,околу органите) се поврзани со зголемеа инфламација и здравствени проблеми како што е тип 2 дијабетесот.

Едно неодамнешно  истражување покажа дека истите го зголемуваат ризикот од срцеви заболувања. Ваквите масти се особено опасни за жените.



Истражувачи следеле повеќе од 500 000 партиципанти на возраст од 40-69 години и откриле дека појавата на срцев удар била асоцирана со висок индекс на телесната маса (BMI), како и со обемот на половината, соодносот помеѓу половината и колковите и половината и висината.

Колку поголем бил соодносот помеѓу обемот на половината и колковите, толку бил поголем ризикот од срцев удар кај жените. Кај мажите тој ризик започнува од половина со обем од 101.6cm., додека кај жените од 88.9cm.

Преумерната телесна тежина е фактор на ризик за срцеви заболувања, но дури и оние со нормален BMI се под ризик доколку имаат вишок висцерални масти.

Мастите во абдоминалниот дел се поврзани со зголемен ризик од висок крвен шеќер, воспаленија, покачени триглицериди и пониско ниво на „добриот“ HDL холестерол. Така, кај двајца со ист BMI, оној кој има повеќе масти во абдоменот има поголем ризик од срцево заболување.

Губењето на тежината може да помогне да се избегнат срцевите заболувања и да се подобри нивото на глукоза во крвта, крвниот притисок и нивото на холестерол, а тоа треба да се постигне со здрава исхрана и вежбање.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби